Донатела веќе не е на чело на Версаче – Како се менувал изгледот на модната икона низ годините

Точка

13/03/2025

19:02

1.267

Големина на фонт

а а а

Донатела Версаче денеска објави дека се повлекува од функцијата главен креативен директор на Версаче, завршувајќи го нејзиниот речиси 30-годишен мандат на чело на италијанската луксузна модна империја.

Донатела (69) ја презела раководната улога во луксузната модна куќа откако нејзиниот брат и основач Џани Версаче беше убиен пред неговата палата во Мајами во 1997 година.

„Најголема чест во мојот живот беше да го продолжам наследството на мојот брат Џани“, напиша Версаче на Инстаграм „Тој беше вистински гениј, но се надевам дека ќе имам малку од неговиот дух и упорност“.


Исто така, беше откриено дека Дарио Витале, поранешниот директор за дизајн и имиџ на брендот Миу Миу, ќе ја наследи Донатела како креативен директор на модната куќа.


По смртта на нејзиниот брат во 1997 година – и покрај тоа што немала искуство во дизајнот или модата – Донатела брзо стана живо олицетворение на брендот Версаче и стана сакана фигура во модната индустрија.


Елегантната руса коса на оваа 69-годишничка и нејзината неспоредлива способност да ги спои врвните манекенки кои со години беа икони на модната индустрија, вклучувајќи ги и Наоми Кембел и Синди Крафорд, за ревиите на модната куќа, станаа симболи за брендот како и неговото златно митолошко лого.




Конгломератот Капри Холдингс – рече дека брендот „е она што е денес поради Донатела Версаче и страста која таа ја внела во својата улога секојдневно речиси триесет години“.

„Универзалните вредности за кои таа се залага и нејзината љубов кон бескомпромисната креативност го закотвија Версаче многу подалеку од брендот или компанијата. Работењето со неа беше неверојатна привилегија и задоволство“, соопштија тие.


По напуштањето на улогата на креативен директор, Донатела ќе ја преземе улогата на главен амбасадор на брендот.

Иако ретко кој може да ѝ парира во светот на модата, она што ја прави уште попрепознатлива е нејзиниот изглед и бројните операции кои ги имала.



Донатела отсекогаш се трудела да ја оправда титулата модна икона, а со текот на годините и поради бројните корекции многумина заборавија како изгледала во младоста.

Својот тен го одржувала со честите посети на солариум, а откако стана русокоса во 2002 година, никогаш не се откажа од оваа боја, а исто така не се откажа ниту од естетски зафати и операции.



Со нив започнала во 1995 година, а само три години подоцна нејзиниот изглед драстично се променил. Кон тоа придонел и турбулентниот живот што го водела и нејзината зависност од алкохол и дрога, кон кои прибегна, особено по смртта на нејзиниот сакан брат.


Инаку таа неодамна го привлече вниманието со својот нов изглед на лицето, за кој многумина мислеа дека покажал дека успеала да ги поништи лошите козметички зафати по кои е позната.