„Шизика“ од „Шизик на Ризик“ - совршен подарок за 8-ми март

Точка

06/03/2025

16:25

304

Големина на фонт

а а а

Овој 8-ми март, заборавете на предвидливите подароци и внесете свежа, автентична енергија во дарувањето. Наместо традиционалното, изберете нешто што носи став, приказна и неповторлив македонски печат – уникатно парче мода од женската линија на производи на „Шизик на Ризик“ - „Шизика“.

Мода што зборува

Во свет каде што модата е јазик на индивидуалноста, парчињата од „Шизик на Ризик“ од линијата „Шизика“ не се само облека, тие се изјава, емоција, порака. Од производи кои, преку приказната за македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи, им оддаваат респект на сите жени кои ги поместуваат границите на возможното, до графички интерпретации на фабриките Треска, Газела, Застава, Југопластика, што ги слават жените-хероини зад големите индустрии од регионот.


Модерните дуксери и бомбер јакни, маици, торби, чорапи и капчиња, преку впечатливата графика на исплазена ѕвездичка како заштитен знак на Шизика, го носат духот на една забавна, смела и пркосна жена, која провоцира на духовит и самоуверен начин.

Подарок со душа

Зошто да се задоволите со обично кога можете да подарите нешто што има вистинско значење? Изненадете ја посебната жена во вашиот живот – пријателка, сестра, мајка или себеси со креација што ги слави храброста, индивидуалноста и македонската модна авангарда.

Линијата производи на Шизик на ризик – Шизика е наменета за смели и уникатни девојки, неконвенционални и духовити жени.


Стил што остава впечаток.

Овој Ден на жената е движење што ја слави и индивидуалноста. Замислете ја таа посебна жена во вашиот живот како чекори низ градот, облечена во нешто што ја отсликува нејзината енергија, нејзиниот карактер, нејзиниот стил. Ова не е само подарок, ова е модна изјава што зборува без зборови.

Во најновата колекција ќе најдете парчиња што ги спојуваат удобноста со естетиката – софистицирани и разиграни, модерни и со ретро шарм. Дуксерите со храбри графики, капи со карактер, уникатните торби и маиците инспирирани од локалната култура се совршен избор за жените кои го носат својот стил со самодоверба и храброст. Секое парче има своја приказна, создадено да се носи со гордост и став.


Затоа, наместо класичен букет, подарете нешто што ќе трае. Наместо нешто очекувано, подарете нешто што ќе воодушеви. Оваа година, на 8 Март, одберете подарок што ја слави силата, креативноста и неповторливата енергија на секоја жена.


8-мартовски попуст кај Шизик на ризик

Под мотото ‘Happy Sheezika’s Day’, Шизик на ризик го одбележува овој 8-март со 30-60% попуст на широка селекција на производи наменети за жени. Акцијата трае до 11-ти март, а попустот може да се искористи во продавниците на Шизик на ризик во Скопје и Охрид, како и на онлајн > https://bit.ly/SHZKA.


Комерцијален текст