Истражувањето покажало: Секојдневна консумација на ова овошје го намалува ризикот од депресија за 20%

Точка

06/03/2025

09:55

772

Големина на фонт

а а а

Експертите сè повеќе ја истражуваат врската помеѓу дигестивниот систем и менталното здравје, позната како „оска црево-мозок“. Здравиот цревен микробиом игра клучна улога во производството на невротрансмитери како серотонин, кои влијаат врз расположението.

 Една неодамнешна студија покажала дека консумирањето еден вид овошје може да го намали ризикот од депресија.


Истражувачите анализирале податоци од околу 32.500 жени и 300 мажи и проучиле примероци од цревниот микробиом. Резултатите покажале дека секојдневното консумирање на цитрусно овошје го намалува ризикот од депресија за околу 20 отсто, додека истиот ефект не бил забележан кај други намирници. Научниците, исто така, откриле дека луѓето кои редовно јаделе цитрусно овошје имале поголемо присуство на бактеријата „Faecalibacterium prausnitzii“, која е поврзана со подобро ментално здравје.

Додавањето цитрусно овошје во исхраната може да биде корисен чекор кон подобра ментална благосостојба

Гастроентерологот д-р Џозеф Салхаб истакнал дека цитрусното овошје е богато со антиоксиданти и витамин Ц, кои ги поддржуваат здравите цревни бактерии и го намалуваат оксидативниот стрес, пренесњ „SheFinds“. За подобрување на дигестивното здравје и поттикнување на балансот на микробиомот, корисно е во исхраната да се вклучат портокалите, грејпфрутот, лимоните и лиметата.


Според една студија, само еден среден портокал дневно може да придонесе за намалување на ризикот од депресија. Иако цитрусното овошје може позитивно да влијае врз менталното здравје, тоа не се лек за депресија, која бара сеопфатен пристап, вклучувајќи терапија и промени во животниот стил.

Додавањето цитрусно овошје во исхраната може да биде корисен чекор кон подобра ментална благосостојба, но само како дел од пошироката стратегија за спречување и управување со депресијата.