[ВИДЕО] Илон Маск бил искритикуван затоа што го оставил својот син сам: Ново видео ја открило целата приказна

Точка

25/02/2025

12:15

1.434

Големина на фонт

а а а

Илон Маск се соочи со критики откако беше објавено видео на кое се гледа како го остава зад себе својот син X Æ A-Xii. Видеото стана вирално на социјалните мрежи додека Трамп и Маск продолжуваат да работат заедно во Белата куќа, каде Маск е назначен за висок советник на претседателот.

Извршниот директор на „Спејс Икс“ (SpaceX) често го вклучува својот син, познат како Икс, во секојдневните активности додека тој сè повеќе влегува во политичкиот свет. Неодамна го одведе во Овалната соба, додека Маск и Трамп разговараа со новинарите. Додека некои гледачи беа воодушевени што го видоа малиот Икс во друштво на американскиот претседател, други го критикуваа Маск затоа што изгледаше како да го заборави својот син на претходен настан.

На снимката, за која се верува дека е направена во јануари, се гледа како Маск се спушта по метални скали и им мавта на обожавателите кога ќе стигне до долу. Во позадина се гледа четиригодишниот Икс кој полека се спушта по широките скали, држејќи се за двете огради. На дното од скалите стои човек во одело, веројатно чувар, додека Икс продолжува да се спушта. Сепак, изгледа дека Маск не го чека својот син – на видеото се гледа како тој решително се оддалечува и исчезнува од кадарот.

Првичната снимка, снимена од еден агол, предизвика низа негативни реакции бидејќи гледачите добија впечаток дека Маск го напуштил својот син. Меѓутоа, друга снимка од поинаков агол покажува дека Маск всушност застанува неколку чекори подалеку и чека неговиот син да му се придружи.

Сепак, првото видео кое некој го пресекол од оригиналната снимка предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Еден коорисник напишал дека клипот „сериозно го вознемирува и растажува“. Видеото има над 25 милиони прегледи.

Други го опишаа видеото како вознемирувачко, а еден корисник коментираше: “Какоv татко, едноставно не можам да го разберам ова. Можам да бидам сам на шопинг и сè уште рефлексно проверувам каде е моето дете. Не можам да замислам дека оваа навика некогаш ќе исчезне… Мојот син има три години. Колку години има малиот на Илон? Пет?”


Сепак, некои ги бранеа постапките на Маск, посочувајќи дека безбедносните мерки на настанот значеле дека Икс веројатно никогаш не бил целосно без надзор. Еден корисник одговорил на критиките велејќи: “Зошто? Правилно го прави тоа. Така детето станува независно и стекнува доверба”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk