[ВИДЕО] Инфлуенсерка се најде на столбот на срамот поради слабеењето – Не сакала да признае дека направила операција

Точка

28/03/2025

13:34

2.223

Големина на фонт

а а а

Американската инфлуенсерка Реми Бадер гостувала на поткастот на Клои Кардашијан, каде што признала дека направила операција на гастритичен бајпас, а потоа поради тоа станала предмет на бројни критики бидејќи претходно не сакала да признае дека не ослабела по природен пат.

Инфлуенсерката во средата откри дека имала операција на гастритичен бајпас во 2023 година, што доведе до тоа многу корисници на социјалните мрежи да ја обвинат дека „чекала да биде платена“ пред да ја сподели својата приказна.

„Таа со месеци блокираше толку многу луѓе кои го прашуваа ова во коментарите“, гласел само еден од многубројните коментари на нејзините следбеници.

Бадер објаснила дека се обидела со други методи за слабеење пред да отиде под нож, и истакнала дека земањето Оземпик не ѝ помогнало.




Инфлуенсерката, која изгубила повеќе од 63 килограми за помалку од една година, рекла дека е збунувачки да се приспособи на трансформацијата на нејзиното тело.

„Никогаш не мислев дека ќе биде толку брзо. Никогаш не сакав да бидам оваа големина“, признала таа.



Таа, исто така, признала дека закрепнувањето било доста макотрпно, и вклучувало недели повраќање, но и довело до „длабока депресија“.

„Западнав во многу, многу длабока депресија и тоа беше навистина најстрашниот период во мојот живот. Не можев да им кажам на луѓето. Навистина сакав да умрам“, открила таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk