Изградба на итни засолништа за луѓето кои останале без кров над главата, кои се игнорирани и заборавени е главната мисија на проектот „Tiny House“, на Елвис Самерс.
Пред сè, било потребно да се најде соодветно земјиште на кое ќе бидат поставени посакуваните домови за бездомниците, а потоа и борбата со градските власти околу добивањето градежни дозволи. Исто така неговата добротворна организација не помина добро кај локалните банди кои редовно му се закануваа.
„Имаме повеќе од доволно ресурси за да ја решиме кризата со глад и бездомништво. Проблемот е што луѓето не се грижат за ова или недоволно се грижат“, напиша Елвис Самерс на веб-страницата на „Tiny House Project“.
„Не сакам да живеам во таков свет“, призна овој Американец, и токму затоа го започна овој проект.
Тој ја изгради својата прва минијатурна куќа за 61-годишна жена која спиеше во нечистотија во близина на неговиот стан во Лос Анџелес уште во 2015 година, трошејќи 500 долари сопствени пари за да ја изгради.
Оттогаш изградил уште околу 100 домови за бездомници и основал непрофитна организација. Преку краудфандинг кампања, тој собра заедница на луѓе кои беа подготвени да го финансираат неговиот проект, но и да научат како сами да ги градат овие мали куќи.
За жал, процесот не помина без проблеми. Тој мораше да најде соодветно земјиште на кое ќе ги изгради посакуваните домови за бездомниците и се бореше со градските власти за да добие градежни дозволи. Од друга страна добротворната организација на Самерс не помина добро кај локалните банди кои редовно му се закануваа.
„Се шетав наоколу носејќи панцир една година“, призна Самерс во поткастот на „The Mark Howley Show“ бидејќи не знаел дали заканите ќе се остварат. Сепак, тој не се поколеба. Желбата да им се помогне на луѓето го победи стравот.
Тој дизајнирал мали куќички како засолништа, составени од само една просторија со мало количество на електрична енергија достапна за осветлување или полнење на мобилни телефони. Влезните врати се зајакнати со челик и опремени со силни брави со цел да спречат провала.
Куќата најчесто доаѓа во димензии од 1,8 × 2,5 метри, 2,5 × 2,5 метри и 3 × 3 метри, а дизајнот е приспособлив во зависност од локацијата за која е наменета куќата.
Проектот „Tiny House“ проектирал и поголеми домови за семејства кои вклучуваат кујна и бања, а исто така создадоа и мобилни бањи кои ќе им помогнат на бездомниците да одржуваат редовна хигиена и да го подобрат нивното здравје.
По разорните пожари во Лос Анџелес во јануари оваа година, во кои повеќе од 16.000 луѓе ги загубија своите домови, иницијативите како проектот „Tiny House“ се поважни од кога било.