„Tavuk göğsü“ е турски пудинг кој се прави од пилешки гради. Според легендата, овој десерт првично им бил послужен на отоманските султани, додека друга приказна рецептот за овој десерт го поврзува со 1935 година.
Легендата вели дека султанот побарал благо доцна во ноќта, но сè што имале при рака готвачите во палатата било пилешко месо. Тие биле креативни, султанот го одобрил јадењето, а нивните животи беа поштедени.
Всушност пилешкото во ова јадење е незабележливо, бидејќи месото се вари сè додека се распадне и додека се создаде средство за згуснување. Можеби звучи чудно, но оваа практика се користела и во Европа во средниот век од која се создадоа првите верзии на „blancmange“, кој денес може да се пронајде во верзии со желатин.
Пилешкото е невидливо, се вари додека не се одвои на фини влакна и се гмечи пред да се измеша со свежо млеко и шеќер.
Покрај приказната за султанот, може да се пронајде и приказната според која пудингот од пилешко настанал во 1935 година, кога човек по име Хаџи Хусеин Топбаш решил да отвори ресторан во кој ќе се нуди дневен оброк од три јадења.
Во тоа време немало многу ресторани, а ни во продавниците не постоел многу голем избор. Топбаш посакувал да создаде привлечно мени по цена која луѓето можеа да си ја дозволат и избра пилешко како основа за сите три јадења.
Имајќи предвид дека бил принуден да користи пилешко, морал да создаде нешто ново и возбудливо.