Дејвид Бекам изгледа одлично, а стана и заштитно лице на модната куќа „Бос“. Во кампањата се истакнува неговото тело кое сè уште изгледа фантастично. На сликите, 49-годишниот поранешен фудбалер позира во долна облека, истакнувајќи ги своите дефинирани стомачни мускули.
Но, како Бекам, кој ја заврши својата професионална кариера пред повеќе од една деценија, успеа да ја задржи својата неверојатна физичка форма?
Еден од клучевите за неговиот фитнес-режим е пристапот наречен „fitness snacking“ (фитнес-ужина), кој вклучува кратки, но чести активности во текот на денот.
Примери за такви активности се:
• Возење со велосипед;
• Шетање со семејните кучиња;
• Косење трева;
• Планинарење;
• Градинарство.
Сепак, Бекам го комбинира овој секојдневен активен животен стил со интензивен тренинг.
Неговата рутина вклучува наизменични интервални тренинзи со висок интензитет (HIIT) и трчање, а понекогаш користи и елек со тегови за дополнителен предизвик.
Според списанието „AugustMan“, неговиот типичен неделен распоред изгледа вака:
Понеделник: Лесно трчање + тренинг за сила (230 метри турка санки, 60 склекови, 90 секунди работа со јаже, 60 сквотови).
Вторник: Кардио – 10 повторувања на спринтови на растојание од еден километар.
Среда: Тренинг за сила (200 клекнувања, 150 склекови, 100 кревања на нозете, 25 бурпи, 50 планк и вежби со склекови).
Четврток: 30 спринтови од по 20 секунди.
Петок: Поумерен тренинг – 20 до 30 минути на лента за трчање, со можност за додавање јога, качување по карпи или боречки вештини.
Викенд: Активно опоравување преку прошетки и планинарење.
Покрај дисциплинираните тренинзи, Бекам внимава и на исхраната. Според „AugustMan“, неговото типично дневно мени изгледа вака:
Појадок: Омлет богат со протеини и калциум.
Ручек: Посно пилешко со зеленчук како карфиол, спанаќ и брокула, подготвено на маслиново масло.
Вечера: Слично на ручекот – посни протеини (пилешко или риба) со зеленчук.
Закуски: Јаткасти плодови, јогурт и билни енергетски пијалаци.
Иако претежно јаде здрава храна, повремено се почестува со омилените „cheat meal“ – палачинки.
Бекам избегнува преработена храна, брза храна и рафинирани јаглехидрати како бел леб, кои немаат влакна.