Доколку сте пораснале во семејство каде што добрите манири и пристојноста биле најважни, веројатно како возрасен сте усвоиле одредени особини кои денес ви помагаат во секојдневниот живо, но понекогаш и ви штетат.
Додека некои деца се природно палави и помалку склони да ги следат правилата за добри манири, оние кои се научени на учтивост од мали нозе често развиваат висока емоционална интелигенција, силно чувство за емпатија и одлични комуникациски вештини. Меѓутоа, ако се премногу фокусирани на задоволувањето на другите, тоа може да предизвика проблеми со поставувањето граници.
Ова се 11-те особини кои често се развиваат кај возрасните кои секогаш биле учтиви како деца.
Децата кои израснале со акцент врз пристојноста често стануваат чувствителни на чувствата на другите. Тие се научени дека да се биде груб или безобразен е знак на непочитување, па со текот на годините развиваат силно чувство на емпатија.
Иако емпатијата е прекрасна особина, понекогаш може да ги наведе овие луѓе да се трудат премногу да ги задоволат потребите на другите на своја штета. Клиничкиот психолог Моника Вермани советува дека е клучно да се препознаат овие шеми и да се работи на поставувањето здрави граници.
Доколку нивните родители уште од мали нозе ги научиле како правилно да се однесуваат во општеството, голема е веројатноста дека развиле одлични комуникациски вештини. Ова е голема предност бидејќи добрата комуникација ги намалува недоразбирањата и помага во градењето квалитетни односи. Истражувањето објавено во „Journal of Social and Personal Relationships“ односи покажа дека луѓето кои се чувствуваат погрешно разбрани од другите имаат повисоки нивоа на стрес, помало задоволство од животот и помала мотивација.
Иако повеќето луѓе ја преценуваат сопствената емоционална интелигенција, истражувањето на психологот Таша Еурих покажа дека само 10 до 15% од луѓето всушност имаат развиено самосвест. Децата кои секогаш биле пристојни вообичаено развиваат исклучителна способност да ги разбираат емоциите – и нивните и оние на другите. Ова им помага во комуникацијата подоцна во животот, но и во градењето здрави врски.
Без разлика дали морале да ги решат несогласувањата меѓу пријателите или да балансираат помеѓу очекувањата на родителите и нивните сопствени желби, овие деца уште од мали нозе биле учени како да најдат решенија во сложени ситуации. Како возрасни, тие често се оние кои смирено гледаат на проблемот и брзо го наоѓаат најдоброто решение.
Децата кои се воспитани во духот на пристојноста често развиваат одлични вештини на адаптација. Научиле да се однесуваат во согласност со нивната околина, што подоцна им помага во деловните ситуации и општествените кругови. Сепак, оваа особина може да има и негативна страна. Ако некое лице го приспособи своето однесување премногу на другите, може да го изгуби сопствениот идентитет.
Растејќи во средина која промовира пристојност и разбирање, овие деца научиле да ја ценат различноста. Студијата објавена во списанието „Journal of Clinical and Experimental Neuropsychology“ покажа дека поотворените луѓе имаат повисок коефициент на интелигенција, па не е изненадување што оние кои се воспитувани со акцент на учтивоста имаат поголема веројатност да бидат толерантни и склони да учат од туѓите искуства.
Сите ние сакаме да имаме некој во нашите животи на кој можеме да се потпреме, а луѓето кои се научени на учтивост од мали нозе имаат тенденција да бидат исклучително доверливи и лојални. Сепак, важно е да не ги исцрпуваат сопствените ресурси со постојано помагање на другите, бидејќи преголемата фокусираност на потребите на другите може да доведе до стрес и исцрпеност.
Луѓето сакаат харизматични и срдечни поединци, а оние кои пораснале со силен акцент на учтивоста често развиваат исклучителни социјални вештини. Истражувањето објавено во „Journal of Experimental Social Psychology“ покажа дека луѓето со подобри социјални вештини се значително подопадливи на другите, дури и кога тие лично не ги познаваат.
Во денешното општество, каде покажувањето успех стана норма, скромноста е ретка, но вредна особина. Студијата на „Harvard Business School“ покажа дека луѓето кои се фалат се помалку сакани од оние кои се искрено скромни. Луѓето кои се научени на учтивост во детството обично не сакаат да се истакнуваат премногу, туку претпочитаат нивните постапки да зборуваат за нив.
Со оглед на тоа дека од мали нозе се научени да ги контролираат емоциите, честопати тие се оние кои ја одржуваат својата смиреност и во најстресните ситуации. Оваа особина е корисна бидејќи овозможува рационално одлучување, но понекогаш може да доведе до потиснување на емоциите, што не е здраво на долг рок.
Како деца, тие научиле да набљудуваат како нивното однесување влијае на другите. Ова кај нив разви силна моќ на набљудување, што значи дека тие брзо ги препознаваат расположенијата и чувствата на другите. Сепак, постојаното анализирање на туѓите емоции може да биде исцрпувачко, па затоа е важно тие да научат кога да се „исклучат“ и едноставно да уживаат во моментот.