Не постојат универзални модни правила, бидејќи ниту едно тело не е идентично, па така истото здолниште изгледа сосема поинаку на жена со тело во облик на круша во споредба со жена која е висока и слаба. Сепак, модните експерти велат дека посебен моден предизвик претставува тоа како да се облечат дамите кои се пониски.
Пред сè, изборот за нив е стеснет, а не им одговараат ниту одредени модни трендови. Меѓутоа, постојат правила кои овие дами треба да ги почитуваат за секогаш да изгледаат беспрекорно.
Не закопчувајте кога носите јакни, блејзери или палта. Стилистите го препорачуваат ова бидејќи тоа визуелно создава впечаток на подолго торзо.
Верувале или не, високите потпетици не се единствениот додаток кој создава илузија за висина. Еден од најдобрите модни совети е да изберете здолниште или панталони кои се носат над вашиот природна линија на струкот или со ремен. На овој начин, вашето торзо ќе изгледа пократко, а нозете ќе изгледаат подолги, а вие ќе изгледате повисоки.
Накитот не треба да биде премногу впечатлив, ниту пак чантата која ќе ја изберете. Вашиот избор нека бидат минималистички парчиња, без премногу додатоци кои би ја „проголтале“ вашата силуета.
При изборот на долги фустани, најдобро е тие да имаат V-деколте кое ја издолжува силуетата, да бидат еднобојни, и никогаш да немаат нападен дезен.
Без разлика дали купувате фустан, сако или блуза, погрижете се должината на ракавите да биде три четвртини. Овој совет не важи при изборот на палта или јакни.
Удобните џемпери кои се една големина поголеми или „oversize“ памучните дуксери и тренирки се парчиња облека кои пониските жени треба да ги заборават. Едноставно овие модни парчиња не се соодветни за ниските дами, и ќе направат да изгледаат чудно.
Пониските жени изгледаат добро во тесни кожени панталони, а задолжително треба да ги комбинираат со високи потпетици и тесен горен дел.
Облекувањето во ист тон подразбира дека сте облечени од глава до петици во повеќе нијанси од иста боја или иста нијанса.
Ова е идеално за пониските дами, а ваквиот начин на облекување секогаш дава посебна доза на луксуз и елеганција.