Се вели дека Италијанците навистина уживаат во храната, а сепак – никогаш не се здебелуваат.
Тие пронашле начин да уживаат во совршено вкусни јадења без да качат ниту еден килограм.
Италијанските јадења не се комплицирани. Со минимален труд се добива совршено вкусно јадење кое секој ќе го обожава, а се подготвува брзо и лесно.
Ви нудиме наши предлози за 5 совршени италијански јадења од понеделник до петок, кои можете да ги приготвите веднаш по враќањето од работа.
Состојки:
• 300 г измиен бел ориз
• 1 главица кромид
• 1 чешне лук
• малку масло
• 1 рендан морков
• 1 рендана тиквичка
• 250 г бело пилешко месо
• сол и бибер
• свеж магдонос
• 250 мл крем за готвење
• сирење
Подготовка:
Во тава со малку масло, пропржете го кромидот. Додадете ги ренданиот морков и тиквичките и продолжете со пржење. Додадете ги пилешките коцки и продинстајте. Потоа ставете го измиениот ориз. Кога оризот ќе почне да се лепи за тавата, додадете 200 мл вода. Покријте и варете 5 минути. Додадете го кремот за готвење, ситно сечканиот лук, сол и бибер, и свежиот магдонос. Варете уште 5 минути. Вашето рижото е подготвено.
Време на подготовка: 20 минути
Лазањата можете да ја подготвите во понеделник навечер и да ја испечете во вторник по работа.
Состојки:
• 450 г мелено говедско месо
• 200 мл сок од домати
• сол и бибер
• оригано
• масло
• 1 рендан морков
• 1 главица кромид
• 1 чешне лук
За бешамел сос:
• 1 литар млеко
• 200 г путер
• малку брашно
• сол
• 300 г сирење
• кори за лазања
Подготовка:
За бешамел сос, стопете го путерот и додадете неколку лажици брашно. Со постојано мешање додавајте млеко. Кога сосот ќе се згусне, тргнете го од оган.
За црвениот сос, пропржете ги кромидот и морковот, додадете го месото и зачините, и пржете 10 минути. Потоа додајте го сокот од домати и оставете да зоврие. Тргнете го од оган и оставете да се олади.
Редете ја лазањата во сад за печење: кора, црвен сос, бешамел сос, и рендано сирење. Повторувајте додека не потрошите сè. Завршете со бешамел и сирење. Оставете во фрижидер преку ноќ. Печете на 200 °C околу 30 минути.
Состојки:
• кори за пица
• малку сок од домати, оригано и маслиново масло
• сирење
• прокељ
• печурки – фил по избор
Подготовка:
Премачкајте ја кората со мешавина од сок од домати, масло и оригано. Додадете фил по избор. За повкусна пица, направете ја кората сами (рецептот е овде).
Ова јадење се подготвува брзо, а ретко кој може да одолее на шпагети карбонара.
Состојки:
• пакување шпагети
• 150 г сланина
• 3 јајца
• 1 чешне лук
• 80 г пармезан
• маслиново масло
• сол и бибер
Подготовка:
Сварете ги шпагетите. Во тава со масло пропржете ги сланината и лукот. Додадете ги шпагетите, а потоа и изматените јајца, сол и бибер. Тргнете го од оган и добро промешајте. Завршете со рендан пармезан.
Состојки:
• 8 јајца
• 1 праз
• 100 г свеж спанаќ
• 100 г тиквички
• 200 г печурки
• 100 г сланина
• 200 г сирење
• 40 г рендан пармезан
• сол и бибер
• 1/2 лажичка сушен босилек
• 1/2 лажичка оригано
• 30 г путер
• 30 мл маслиново масло
Подготовка:
Динстајте го празот, па додајте ги тиквичките, сланината и печурките. Кога ќе заруменат, додадете го спанаќот и по 2 минути изматените јајца со путер и зачини. Печете 5 минути и сервирајте топло.