Истражувањето откри дека генерација З страда од криза на средни години: „Не им оди добро“

Точка

18/01/2025

17:01

1.965

Големина на фонт

а а а

Компанијата за животно осигурување „MetLife“ спроведе истражување за физичките, социјалните, менталните и финансиските аспекти на различни генерации и заклучи дека на генерацијата З не ѝ оди најдобро и дека има проблеми во речиси сите области од животот.

„Генерацијата З не поминува толку добро“, изјави Тод Кац, извршен потпретседател во „MetLife“, за „InsuranceNewsNet“, додавајќи: „Нашето истражување покажа дека целокупниот квалитет на здравјето на сите возрасни групи на нашите вработени малку опаднало, но падот беше најголем кај генерацијата З“.


Младите се жалат на стрес, анксиозност и депресија

Според нив, само секој трет млад работник изјавил дека се чувствува целосно здрав – 10% помалку отколку во 2023 година, а според „InsuranceNewsNet“, здравствениот јаз меѓу генерацијата З и бумерите, најздравата работна генерација, е најголем досега.


Истражувањето, кое беше спроведено во септември 2024 година, а целосно ќе биде објавено во март, покажа дека генерацијата З се жали на поголем стрес, депресија и исцрпеност. Во споредба со вработените на иста возраст од 2018 година, младите изјавиле дека се чувствуваат помалку успешни, помалку ангажирани, помалку среќни и повеќе анксиозни како и преоптоварени.

„Финансиите им предизвикуваат стрес и депресија“

„Многумина тоа го припишуваат на нивните финансии“, објасни Кац. „Тие се обидуваат да заштедат пари за големи животни трошоци сега кога сè станува поскапо. Поради ова, тие доживуваат стрес и депресија“, додаде тој. Овие резултати се во согласност со една неодамнешна студија која покажа дека дури 38% припадници на генерацијата З се соочуваат со „криза на средни години“, најмногу поради стресот поврзан со финансиите.


Друго истражување, спроведено меѓу 2.000 работници од генерацијата З, покажа дека секој десетта личност ги одбила понудите за работа поради високите трошоци за патување или затоа што морале со сопствени финансиски средства да купат работна облека. Истражувањето исто така покажа дека 60% од жените од гореспоменатата генерација и 45% од мажите се плашат дека високите трошоци за живот ќе претставуваат пречка за нивната идна финансиска сигурност.

„Луѓето од различни генерации имаат различни потреби“

„Популацијата на работните места никогаш не била поразновидна, со повеќе генерации вклучени во работната сила, а луѓето од различни генерации имаат различни потреби“, рече Кац.


Кац ги советуваше работодавачите подобро да им објаснат на вработените кои бенефиции им се достапни и како да ги користат „на најефикасен можен начин“. „Еден од најголемите предизвици кои ги среќаваме е дека дури иако нудите одлични бенефиции и вработените се пријават за нив, доколку потоа не ги користат и немаат добро искуство, нивното задоволство е многу помало, што значи дека не ја остваруваат користа и тоа влијае врз нивното здравје“ заклучи Кац.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk