Ако ви е тешко од премногу храна по празниците, но сепак сакате нешто лесно и заситувачко, овие три крем супи се совршен избор.
Брзи за подготовка, нискокалорични, а вкусни – ќе ве смират и освежат без да го оптоварат вашиот организам.
Потребни состојки:
• 150 грама компири
• 1 главица кромид
• 300 грама тиква
• 2 лажици кисела павлака
• Сол и бибер
• Вода
• Малку масло
• 50 грама семки од тиква
Подготовка:
Во тенџере загрејте малку масло и пропржете го кромидот. Додадете ги компирите и тиквата исечкани на коцки. Зачинете со сол и бибер, потоа прелијте со вода и варете додека сè не омекне. Потоа испасирајте ја смесата и по желба додадете мајчина душица за дополнителен вкус. При сервирање, додајте павлака и семки од тиква за дополнителна текстура и арома.
Потребни состојки:
• 500 мл сок од домати
• 2 компири
• 2 моркови
• 1 главица кромид
• Еден куп свеж магдонос
Подготовка:
Пропржете го кромидот на малку масло. Додадете ги компирите и морковите исечкани на парчиња. Прелијте со вода и варете додека зеленчукот не омекне. Испасирајте ја супата, додадете сок од домати и зачинете. Додадете свеж магдонос. Откако ќе зоврие, супата е подготвена за послужување.
Потребни состојки:
• 300 грама леќа
• 1 главица кромид
• 300 мл сок од домати
• Неколку моркови
• Сол, бибер, магдонос
Подготовка:
Измијте ја леќата и пропржете ја заедно со кромидот и морковите. Прелијте со вода и варете околу 10 минути. Додадете го сокот од домати и зачините. Оставете ја супата да зоврие и таа е подготвена за послужување.
Со овие три рецепти, ќе го разбудите апетитот без да се чувствувате прејадено. Уживајте во нивната леснотија и вкус!