Научниците открија во кое време од денот е најдобро да се пие кафе

Точка

08/01/2025

23:14

1.551

Големина на фонт

а а а

Пиењето кафе наутро може да има повеќе здравствени придобивки од консумирањето на пијалокот во текот на денот, покажува новото истражување, пишува денеска германската агенција "dpa".

Истражувачите сакале да видат дали времето од денот кога луѓето пијат кафе влијае на нивното здравје. Тие проучувале повеќе од 40.000 возрасни лица во САД како дел од долгорочните студии за здравје, исхрана и начин на живот.

Откриле два различни шеми на пиење кафе: оние кои пијат кафе наутро и оние кои го пијат во текот на денот. Повеќе од една третина (36 проценти) од учесниците пиеле кафе наутро, а 14 проценти од нив во текот на денот.


Тим на истражувачи предводени од експерти од Универзитетот Тулејн во САД ги набљудувале учесниците речиси десет години. За време на следењето, 4295 учесници починаа. Земајќи ги предвид различните фактори, истражувачите откриле дека луѓето кои пијат кафе наутро имаат 16 отсто помали шанси да умрат од оние кои воопшто не пиеле кафе. Тие, исто така, имале 31 отсто помали шанси да умрат од срцеви заболувања.

За луѓето кои пиеле кафе во текот на денот, немало намалување на ризикот во споредба со оние кои не пиеле кафе.

„Пиењето кафе наутро може да биде посилно поврзано со помал ризик од смртност отколку со пиење кафе подоцна во текот на денот“, напишаа истражувачите во "European Heart Journal".


Не е важно само дали пиеме кафе и колку, туку и времето од денот кога го пиеме

Водечкиот автор на студијата, Лу Чи од Универзитетот Тулејн, рече: „Досегашните истражувања покажуваат дека пиењето кафе не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и се чини дека го намалува ризикот од некои хронични болести како што е дијабетес тип 2“.

„Со оглед на ефектите што кофеинот ги има врз нашите тела, сакавме да видиме дали времето од денот кога пиеме кафе влијае на здравјето на срцето“.


„Нашите наоди покажуваат дека не е важно само дали пиете кафе и колку, туку и времето од денот кога го пиете. Како по правило, не даваме совети за тајмингот во нашите препораки за исхрана, но можеби тоа треба да го разгледаме во иднина“, додаде тој.

Тој нагласи дека ова истражување не открива зошто пиењето кафе го намалува ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести.

„Можно објаснување е дека консумирањето кафе во попладневните часови може да го наруши деноноќниот ритам и нивото на хормони како мелатонин. Ова пак води до промени во кардиоваскуларните ризични фактори, како што се воспалението и крвниот притисок“.