Деновите на пост нè поттикнуваат да јадеме повеќе риба од вообичаено. Но, дали знаете која риба е најздравата и најкорисната за вашето тело?
Рибата е позната како исклучително здрава храна, богата со омега-3 масни киселини, кои имаат важна улога во одржувањето на кардиоваскуларното здравје. Сепак, не сите риби се подеднакво корисни, а изборот на вистинската може да направи значителна разлика. Ви пренесуваме листа од деветте најздрави риби кои би требало да бидат дел од вашето мени:
1. Атлантски лосос
Богат со омега-3 масни киселини, лососот има потенцијал да го забави процесот на стареење, влијаејќи на човечкиот биолошки часовник.
2. Зубатица
Оваа сина риба е вистинска ризница на фосфор, калиум, калциум, натриум и железо — минерали неопходни за здраво тело.
3. Атлантска харинга
Иако е масна риба, нејзините омега-3 киселини придонесуваат за здраво срце и подобра циркулација.
4. Езерска златна рипка
Со текстура слична на лосос, оваа слатководна риба останува сочна и по термичка обработка.
5. Гирис (аншоа или сардини)
Богати со протеини, аншоите и сардините се нискокалорични и изобилуваат со витамини и минерали неопходни за нормално функционирање на организмот.
6. Скуша
Идеална за диетална исхрана, скушата е нискокалорична, но богата со витамини и минерали.
7. Пастрмка
Една порција неделно може значително да го намали холестеролот, да ги зајакне крвните садови и да ја подобри меморијата во подоцнежните години.
8. Сардина
Лесно се апсорбира и е богат извор на протеини, како и на витамини А, Б12, Б6 и Д. Маслото од сардина е одлично за намалување на холестеролот.
9. Туна
Полна а со омега-3 и омега-6 масни киселини, туната е една од најдобрите риби за целокупно здравје.
Изберете квалитет пред сè
Кога купувате риба, одлучете се за проверен квалитет. Некои видови, произведени масовно, можат да содржат токсична жива и други штетни материи. Инвестирајте во здрав оброк кој ќе ги задоволи вашите сетила и ќе го заштити вашето здравје.