Иако не беше меѓу номинираните за овогодинешните награди „Златен глобус“, сепак Шерон Стоун беше навистина ѕвезда на вечерта. Присутните, како и сите кои подоцна ги погледнаа нејзините фотографии, ги воодушеви во фустанот на едно рамо што го носеше.
66-годишната холивудска дива пристигна во хотелот „Беверли Хилтон“, каде што се одржуваше доделувањето на наградите во фустан од дизајнерот Жорж Чакра, која поради интересните детали и јазли, особено и прилега на женската фигура, нагласувајќи ги сите атрибути, и криејќи ги сите недостатоци доколку постојат.
И Шерон Стоун беше свесна дека фустанот одлично и стои, па расположено позираше пред насобраните фотографи.