Новак Ѓоковиќ им го честиташе Божик на сите православни верници кои го прославуваат најсреќниот христијански празник на 7 јануари.
Мир Божји, Христос се роди! Среќен Божик“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм. Сето тоа со две слики со семејството, каде на првата се тој и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, а на втората Стефан и Тара Ѓоковиќ, синот и ќерката на српскиот тенисер.
Српскиот тенисер моментално се подготвува за 12 јануари кога започнува учеството на Австралија опен. Семејството е во Австралија каде Новак се подготвува да ја освои 100-тата титула во кариерата, што се надева дека ќе се случи на Австралија опен.
Ѓоковиќ цела минатата сезона не освои трофеј на АТП, иако тоа го надокнади со златото од Олимписките игри во Париз. Сега дочека во Австралија да долета неговиот нов тренер, а некогашен голем ривал, Енди Мареј, и подготвен е за најголеми напори.
Тој се подготвуваше и за турнирот во Бризбејн каде по победата над Хиџикат и Гаел Монфис застана во четвртфиналето каде го сопре неговиот голем пријател Рајли Опелка. Сега се чека ждрепката за Австралија опен и стартот на натпреварувањето од недела.