Шест навики кои можат да ви го подобрат расположението наутро

Точка

30/12/2024

11:51

1.825

Големина на фонт

а а а

Поставувањето на темелите за добар ден не вклучува само добро утринска рутина, иако таа е особено важна. Начинот на кој ги поминувате вечерите е клучен дел од равенката, но често занемарен. Можеби ќе се изненадите кога ќе видите како малите промени во вечерните навики можат да влијаат врз вашето расположение следното утро. Експертите за „HuffPost“ открија кои вечерни активности најмногу придонесуваат за подобро расположение наредниот ден.

Прошетајте навечер

Без разлика дали станува збор за лежерна прошетка низ соседството по вечерата или последната прошетка со вашето куче пред спиење, неколку минути движење на свеж воздух може да го намали нивото на шеќер во крвта по оброкот и да ви помогнат да се опуштите.


„Секоја вечер одам на прошетка, што ми овозможува да процесиуирам информации од претходниот ден бидејќи протокот на крв во мозокот се зголемува“, изјави британскиот психолог Ли Чемберс за „HuffPost“. „Ова ментално расчистување му дава мир на мојот зафатен ум, што значи дека одам на спиење со тивко опкружување и внатрешен дијалог“, додаде тој.

Оставете го мобилниот телефон настрана, по можност во друга просторија

Сигурно сте забележале колку квалитетниот сон влијае на вашата ментална состојба следното утро. Постојат многу докази кои го поддржуваат ова, вели Лори Сантос, професорката по психологија на Универзитетот Јеил и водителка на поткастот „The Happiness Lab“. За да го подобрите квалитетот на сонот, фокусирајте се на подобрување на вашата „хигиена на сонот“, која ги вклучува навиките и факторите на околината кои влијаат врз нашиот сон. Начинот на кој ги користиме нашите уреди ноќе е значително поврзан со ова.


„Исклучете ги екраните околу 30 минути пред спиење и размислете да ги држите уредите подалеку од креветот за да не ве мамат да ги проверувате навечер“, изјави Сантос за „HuffPost“. „Препорачувам да набавите старомоден будилник кој не е поврзан со социјалните мрежи или е-пошта“, додаде таа.

Топла купка или туш

Џастин Гросо, психологот специјализиран за поврзаноста на умот и телото, истакнува дека вечерното капење има бројни физички и ментални придобивки. „Докажано е дека целосното потопување во вода, за разлика од туширањето, го подига расположението на лицата со депресија, го подобрува сонот на луѓето со несоница и позитивно влијае на кардиоваскуларниот систем“, објасни таа.


Ако немате када или купките не се ваш стил, туширањето пред спиење исто така има свои предности. Според консултантот за спиење Роберт Оексман, „туширањето навечер може да го подобри сонот со намалување на телесната температура, што е потребно за полесно заспивање и одржување на квалитетен сон“.

Скенирајте го телото

Кортланд Дал, истражувач на Универзитетот во Висконсин-Медисон, препорачува скенирање на телото како моќна техника за намалување на стресот и менталната оптовареност. Оваа едноставна вежба на свесност можете да ја правите додека лежите в кревет. „Фокусирајте го вниманието на секој дел од телото, почнувајќи од главата и полека движејќи се до прстите на нозете. Забележете ги сензациите во телото со топлина и љубопитност без осудување. Ова ги активира мозочните мрежи важни за саморегулација и внатрешна рамнотежа“, објасни тој.

Размислете за изминатиот ден

Многумина често се грижат поради задачите кои не ги направиле претходно, наместо да бидат задоволни за напредокот кој го постигнале. „Без разлика дали пишувате или размислувате, запишете ги чекорите кои сте ги преземале кон целта, предизвиците кои сте ги надминале или задачите кои сте ги завршиле, без оглед на нивната големина“, рече Чемберс. „Тоа чувство на напредок создава основа за мотивација следниот ден“, додава тој.


„Одвојте момент да размислите за тоа што сте научиле и како сте „растеле“ тој ден. Обидете се да ги гледате стресните настани како можности за личен развој или усогласување со вашите најважни вредности“, предложи Дал.

Завршете го денот со благодарност

Пред да заспиете, запишете три до пет работи за кои сте благодарни. Сантос се осврна на истражувањето на психологот Роберт Емонс, кој откри дека „едноставниот чин на наведување на вашите благослови може значително да ја подобри благосостојбата“.


Дал исто така препорачува кратко вежбање на благодарност пред спиење. „Ако поминете неколку минути размислувајќи за луѓето кои ги цените и за работите за кои сте благодарни, ќе бидете помалку под стрес додека заспивате“, рече тој.