"Airbnb" користи „AI полицаец“ за да ги спречи новогодишните забави

Точка

30/12/2024

19:27

1.872

Големина на фонт

а а а

Мерките ќе бидат на сила ширум светот до Нова година, а се однесуваат на изнајмување од едно до три ноќевања.

Онлајн платформата за краткорочно изнајмување на места за сместување "Airbnb" користи вештачка интелигенција за да ги препознае и спречи изнајмувањата за новогодишната ноќ, пренесува "dpa".

Платформата објави дека вовела мерки засновани на машинско учење кои препознаваат и блокираат високоризични резервации на станови и куќи.


Технологијата ја снима должината на патувањето, видот на огласот, растојанието од локацијата на гостинот и времето кога е направена резервацијата за да се утврди дали тоа претставува ризик.

Доколку се покаже дека е претставува ризик, платформата или ја блокира резервацијата или ги пренасочува корисниците на алтернативни сместувања, пишува "dpa".


Американската компанија воведе ограничувања во 2020 година и тврди дека оттогаш забележала значителен пад на жалбите за одржаните забави.

"Airbnb" објави дека само минатата година околу 74.000 луѓе биле блокирани да резервираат.


Мерките ќе бидат на сила ширум светот до Нова година, а се однесуваат на изнајмување на едно до три ноќевања.

Гостите мора да потврдат дека разбираат дека нелегалните или гласните забави се забранети на "Airbnb" и може да бидат предмет на исфрлање од платформата.