Диететичарите велат: Ова се петте видови овошје кои не треба да се лупат

Точка

01/01/2025

16:01

4.957

Големина на фонт

а а а

Многумина луѓе го лупат овошјето, не знаејќи дека нивната лушпа содржи многу здрави и хранливи материи кои позитивно влијаат на целокупното здравје. Иако секое овошје треба добро да се измие пред јадење, по миењето можете без грижа да го консумирате.

Диететичарите за „Health Shots“ издвоија неколку видови на овошје кои многумина од нас ги лупат, но всушност не би требало да го правиме тоа.

Јаболко

Јаболката е овошје во кое често уживаат возрасните и децата. Тоа е едно од најпопуларните видови овошје бидејќи се користи во разни јадења, десерти и слично, но кога го консумирате самото јаболко, не е потребно да го лупите.


Имено лушпата од јаболко е полна со влакна и антиоксиданти. Содржи кверцетин, флавоноид кој помага во намалување на воспалението и го поддржува здравјето на срцето, пишува „Health Shots“. Исто така, јадењето јаболко со лушпа може да помогне во регулирањето на дигестијата и нивото на шеќер во крвта.

Слива

Сливите се уште едно овошје кое многу луѓе го лупат пред да го јадат, а всушност е подобро да се консумираат со лушпа.


Лушпата на ова овошје е богата со влакна и антиоксиданти, особено антоцијанини кои имаат антивоспалителни својства. Покрај тоа, антиоксидантите во сливите, исто така, помагаат да се заштити кожата од оштетување предизвикано од слободните радикали.

Киви

Можеби не сте знаеле, но лушпата од кивито се јаде и е богата со влакна, витамин Ц и антиоксиданти, сите корисни нутриенти за целокупното здравје.


Самата текстура на лушпата на кивито на многумина им е одбивна за консумирање, но таа содржи повеќе хранливи материи отколку само „месото“ на кивито, пишува „Health Shots“. Кивито е најдобро да се јаде цело за да се зајакне имунитетот и здравјето на дигестивниот систем.

Круша

Диететичарите издвоија уште едно овошје, а тоа се крушите. Познато е дека многу луѓе ги лупат крушите, но всушност не треба да го прават тоа.


Лушпата на крушата е полна со витамини и влакна и содржи повеќе антиоксиданти од „месото“ на крушата. Исто така таа помага и за регулирање на нивото на шеќер во крвта, има одлично влијание врз здравјето на цревата и е одлична ужина богата со хранливи материи.

Праска

Како последно овошје кое всушност не треба да се лупи, туку само добро да се измие, диететичарите ги издвоија праските.


Лушпата од праска содржи антиоксиданти и витамин Ц кои помагаат во заштитата на кожата и зајакнувањето на имунолошкиот систем. Овој надворешен дел од праската содржи и диетални влакна кои промовираат здрава дигестија и правилен метаболизам.