Ова се видовите леб кои ги консумираат најдолговечните луѓе во светот

Точка

26/12/2024

18:49

1.603

Големина на фонт

а а а

Подрачјата каде што живеат најдолговечните луѓе во светот се нарекуваат сини зони. Во светот постојат пет сини зони, а тие ги вклучуваат италијанскиот остров Сардинија, јапонскиот остров Окинава, грчкиот остров Икарија, полуостровот Никоја во Костарика и калифорнискиот град Лома Линда.

На овие места не живеат само најдолговечните луѓе во светот – голем процент на луѓе постари од 100 години, туку и групи луѓе кои остареле без поголеми здравствени проблеми како срцеви заболувања, дебелина, рак или дијабетес.


Истражувањето на Ден Бутнер покажа дека врз долговечноста на луѓето во сините зони влијание има квалитетот на животот, односно сè, од позитивниот поглед на светот до нискиот стрес, редовно вежбање како и квалитетната храна.

Сини зони

Во сините зони, луѓето генерално консумираат исхрана базирана на локално одгледувана растителна храна (околу 80 отсто) дополнета со риба, јајца и млечни производи. Најдолговечните луѓе во светот јадат во просек околу 65 отсто храна базирана на јаглени хидрати, како што се интегрални житарки, овошје, зеленчук и мешунки.

Месото се јаде во помали порции од околу 50 грама пет пати месечно, а рибата во порции од околу 100 грама три пати неделно. Јајцата и млечните производи се консумираат во многу умерени количини.


Количината на шеќер која е консумира на дневна база е исто така ограничена – не повеќе од седум лажички, а најчестите течности се вода и чај, малку кафе и вино.

Меѓутоа консумацијата на леб не е забранета во сините зони. Всушност, лебот се смета за основа на здравата исхрана. Но, за разлика од добар дел од западниот свет, каде најпопуларниот леб се прави од бело преработено брашно, во сините зони луѓето јадат леб кое населението само го подготвува и пече.

Четирите најпопуларни видови леб во сините зони:

Леб од кисело тесто

Лебот од кисело тесто е популарен во Сардинија и Икарија, а се прави од само неколку состојки – вода, интегрално брашно и стартер.


Благодарение на процесот на ферментација при правењето на стартерот, лебот од кисело тесто има повеќе пребиотици и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи во телото. Пребиотиците го подобруваат здравјето на дигестивниот систем и го зајакнуваат имунитетот.

Леб направен од цели зрна како пченица, ’рж и јачмен

Жителите на Икарија и Сардинија не само што сами го печат лебот од цели зрна како пченица, ’рж и јачмен, но тие исто така тие самите ги мелат овие житарки и прават брашно. Нивниот леб изгледа поинаку од оној кој може да се најде во продавниците бидејќи е направен со минимални состојки.


Целите житарки се богати со диетални влакна, витамини од групата Б и минерали како што се магнезиум, калиум и железо, кои го подобруваат здравјето на целиот организам.

Пита леб

Во Икарија исклучително популарен е еден вид леб направен од цели зрна (анг. pita bread), кој одлично оди со извори на протеини од растително потекло – од хумус до варен грав и леќа. Поради употребата на цели зрна за правење на овој вид леб, тој е богат и со диетални влакна, витамини и минерали.

Леб од пченкарно брашно

Пченкарното брашно или мелената пченка се користат во храната стотици и илјадници години, што не е зачудува со оглед на тоа дека пченката е одличен извор на протеини, витамин А, диетални влакна и разни минерали.


Пченката се користи за подготовка на сè, од тортиљи до палента, како и за различни видови леб. Лебот од пченкарно брашно е исклучително популарен во Лома Линда, каде што се комбинира со брашно од спелта и ленено семе, кои се одличен извор на омега-3 масни киселини.