Новата "BMW Серија 3" доаѓа во 2026 година?

Точка

16/12/2024

20:15

2.682

Големина на фонт

а а а

Новата Серија 3 добива изглед на "Neue Klasse", а идниот "M3" ќе ги прифати хибридните технологии додека ја крева границата на најмалку 600 коњски сили.

Благодарение на технологијата и имагинацијата на дизајнерите, веќе можеме да видиме како би можела да изгледа новата Серија 3. Прототипот на моделот е веќе виден, а врз основа на нив се направени и бројни рендери. Сите се согласуваат дека сличноста со серијата 5 и понатаму ќе биде присутна, но сега со поочигледна врска со стајлингот на "Neue Klasse".

Дизајнерот Келсоник го понудил и својот предлог, кој очигледно бил многу инспириран од концептите на седан и теренец. Најголемите иновации се очекуваат напред, додека силуетата навистина ќе остане доследна на оригиналот. Сосема сигурна е имплементацијата на нови задни светла и неколку други препознатливи детали во однос на "i3".

Интересно е што "BMW" истовремено ќе ја нуди серијата 3, но и електричниот "i3". Притоа, "i3" ќе ја користи новата "Neue Klasse" основа, додека серијата 3 треба да остане верна на платформата "CLAR". Што се однесува до моторот, реалноста е бензинецот 2.0 да стартува со задржување на 3.0 шестцилиндричниот во горниот дел на понудата.

Покрај дизелот, кој секако ќе остане присутен во Европа, "BMW" ќе понуди и целосно нов "М3". И за разлика од "Mercedes", не планира да се спушти на четири цилиндри, но основата останува иста. Шестката од три литри е на третман за подмладување, а реалноста е воведување на електрична помош, веројатно само како благ хибрид без концептот за приклучување на поголемиот "М5". Сеедно, моќноста наводно ќе се искачи на дури 600 коњски сили.

Очекуваме новата Серија 3 (и i3) да се појави на пазарот во 2026 година.