"Zeekr 7X" пристигнува во Европа: Досегот е многу помал отколку што тврдат Кинезите ФОТО

Точка

20/12/2024

10:31

699

Големина на фонт

а а а

Еден од најновите модели на "Zeekr" во Кина е подготвен за лансирање и во Европа, но засега само на одредени пазари.

Новиот "Zeekr 7X" е електричен "SUV" со повеќе од 600 километри автономија со почетна цена од 52.990 евра во Холандија, а ќе биде достапен, за почеток, и во Шведска и Норвешка.

Овој модел беше претставен летово во Кина, обезбедувајќи повеќе иновации од она на што веќе сме навикнати од овој бренд, кој реши да се наметне во поинаков стил од другите автомобили кои работат под автомобилскиот гигант "Geely".


Азискиот бренд може да се пофали со софистициран и пријатен ентериер, благодарение на топлината на пригушеното амбиентално осветлување, но и инвазијата на природна светлина од неговиот огромен панорамски покрив.

Не се откриени детали за големината на багажникот, но веќе е познато дека се работи за зафатнина од 539 литри, како и 66 литри во предниот дел.

Новиот 'Zeekr 7X", кој ќе се појави на европските патишта во летото 2025 година, ќе има три завршни обработки и две верзии.


Послабата верзија ќе има еден електромотор поставен на задната оска со максимална моќност од 412 коњски сили, додека помоќната ќе биде придвижувана од два електромотори со вкупна моќност од 639 коњски сили.

Верзијата со два мотори забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,8 секунди во споредба со шест секунди за верзијата со еден мотор.

На клиентите им се нудат две верзии со различен капацитет на батерии. Основната верзија со еден електромотор и батерија од 75 kWh нуди максимална автономија од 480 километри, а средната 615 километри. Сепак, ова е многу помалку од досегот од 1.000 километри одобрен во Кина.


Најмоќната верзија користи и батерија од 100 kWh, но за напојување на два електромотори, па дометот му е нешто помал, односно 543 километри.

Цените во Холандија за овој модел се движат од 52.990 до 62.990 евра.