Познатата Баба Ванѓа верувала дека четири хороскопски знаци се раѓаат со дарови од космосот. Според нејзините зборови, овие знаци имаат извонредна интуиција и можност да го почувствуваат и предвидат она што другите не можат.
Баба Ванѓа сметала дека Овните поседуваат дарба за визуелизација. Со нивната упорност и силна волја, тие можат да ги остварат своите желби доколку ги замислат јасно и реално. Универзумот, според неа, им помага во нивните намери, но Овните треба да ја користат оваа способност за да помагаат на другите.
Според Баба Ванѓа, Девиците се хармонични, емпатични и духовно надарени. Тие имаат природна дарба да ги чувствуваат емоциите и потребите на другите, што ги прави одлични пријатели и советници. Ванѓа верувала дека Девиците се синоним за совршенство и дека сè што преземаат, го доведуваат до целосна прецизност.
Стрелците, според Ванѓа, се како ангели чувари за своите блиски. Тие имаат способност да лечат со зборови, даваат мудри совети и дури да ја предвидат иднината. Нивната дарба е природна и се изразува уште од детството, што ги прави одлични советници и толкувачи на соништа.
Луѓето родени во знакот Водолија, според Баба Ванѓа, се визионери и луѓе на иднината. Тие имаат силна интуиција, често имаат пророчки соништа и можат да создаваат нови светови со своите идеи. Нивната дарба за предвидување на иднината понекогаш се заснова на интуиција, а понекогаш на чиста логика.
Овие четири знаци, според Баба Ванѓа, носат уникатни космички дарови што можат да ги искористат за подобрување на својот живот и за помош на другите.