[ФОТО] Мис Франција 2025: Избрана најстара кандидатка во историјата на натпреварувањето

Точка

15/12/2024

13:26

1.076

Големина на фонт

а а а

На 95-тото издание на изборот за Мис на Франција во саботата, за прв пат во историјата победи кандидатка во 40-ти години – Анжелик Ангарни-Филопон (34).

Победата на изборот за Мис на Франција ѝ ја овозможи ревизијата на правилникот пред две години. Под притисок на критичарите, организаторите ги укинаа сите старосни ограничувања, претходно поставени на 24 години и овозможија пријавување на мажени жени и мајки.


Стјуардесата Анжелик Ангарни-Филопон (34), која беше избрана за Мис Мартиник 2024 година, стана најстарата победничка во историјата на изборот за Мис на Франција.

Таа е избрана меѓу 30 кандидати, од кои најмладата имаше 18 години.


Инаку Анжелик Ангарни-Филопон веќе се имаше претставено на изборот за Мис Мартиник во 2011 година на Карибите.


„Во 2011 година, една млада жена на 20-годишна возраст беше прва придружничка на натпреварувањето за Мис Мартиник. Денес, истата таа млада жена на 34-годишна возраст стои пред вас и повторно го претставува Мартиник, дијаспората, како и сите жени на кои некогаш им беше кажано дека е предоцна“, изјави таа за време на церемонијата која се одржа во Поатје, западна Франција.

Изборот за Мис на Франција 2025 се одржа во време кога Холандија одлучи да го замени натпреварувањето за убавина, сметајќи дека е „застарено“.


Во Холандија, изборот за Мис ќе биде заменет со истакнување на успешни жени „за да се слави реалниот живот, без притисок од усогласување со совршената слика“, објави во четвртокот поранешната директорка на Мис Холандија, Моника ван Е.

За француското здружение „Osez le féminisme!“, ова „оди во вистинската насока“: „мораме да ставиме крај на општеството во кое жените се објекти“, изјави за АФП портпаролката на здружението Алиенор Лоран.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk