Веројатно познавате луѓе поради кои се чувствувате како да сте истрчале маратон, и покрај тоа што сте поминале само половина час во нивно друштво.
Тоа се оние луѓе кои ве исцрпуваат со своите приказни, драми или едноставно со енергијата која постојано бара внимание.
Во хороскопскиот свет постојат знаци кои се природни енергетски вампири – и тоа не поради нивната злоба, туку поради нивното интензивно присуство и неисцрпна потреба за внимание или поддршка, а ова се тие.
Близнаците се „социјални пеперутки“ на Зодијакот, секогаш полни со приказни, прашања и идеи. Нивната непресушна енергија може да биде заразна, но по неколку часа со нив, ќе се чувствувате како штотуку да сте поминале низ вербален триатлон.
Близнаците не само што сакаат да зборуваат, туку сакаат и да ве вовлекуваат во нивните мисловни лавиринти: „Што мислите за ова? Дали веќе ти кажав за тој забавен настан?“.
Проблемот не е во нивните намери, бидејќи Близнаците само сакаат да го споделат својот свет со вас, но нивната хиперактивна енергија може да ги исцрпи и најтрпеливите луѓе.
Доколку пак се обидете да ги прекинете за да земете здив, тие ќе речат: „Чекај, само уште ова!“
Раковите се исклучително емотивни и чувствителни, што ги прави совршени соговорници за длабоки разговори. Сепак, постои граница помеѓу доверувањето и емоционалната исцрпеност, а Раковите понекогаш забораваат на тоа.
Тие ќе ве вовлечат во своите чувства, ќе ја анализираат секоја ситуација до најситен детаљ и ќе ве прашаат за мислење – но не еднаш, туку неколку пати.
Раковите често очекуваат од вас да бидете нивниот емотивен столб, но во истовремено, тие не секогаш се подготвени да го преземат истиот товар за возврат.
По неколку часа со Рак, можеби ќе се почувствувате како негов личен терапевт.
Со нивната кралска аура и неисцрпна желба за внимание, тие се вистинските шоумени на Зодијакот.
Кога сте во друштво на Лав, подгответе се за нивната приказна, нивната перспектива и нивната грандиозна верзија на светот. Меѓутоа Лавот нема лоши намери-тој само сака да блесне, а вие сте неговата публика.
Проблемот настанува кога ќе сфатите дека Лавот ретко остава простор за вашата приказна. Тој го сака вашето целосно внимание и одобрување, а ако не го добие, може да стане драматичен: „Зошто не ми даде коментар за тоа што ти го кажав?“.
Иако Лавот може да биде шармантен и забавен, по неколку часа со него, можеби само ќе посакате одмор.
Скорпиите се интензивни во сè – емоциите, разговорите, па дури и тишината.
Ќе ве вовлечат во длабоки анализи на нивните животи, врски и секоја мала емоција што некогаш ја доживеале. Нивната длабочина е фасцинантна, но може да биде и исцрпувачка, бидејќи Скорпијата ретко дава шанса за одмор.
Скорпиите исто така имаат навика да ја „цицаат“ вашата енергијата со нивното постојано прашување: „Што навистина мислиш за ова? Дали си сигурен/на?“.
Нивната способност да навлезат под површината може да биде неверојатна, но понекогаш и премногу интензивна. Кога ќе поминете ден со Скорпија, ќе се чувствувате како штотуку да сте завршиле емотивен маратон.