Кога истражуваме каде би можеле да патуваме, најчесто наидуваме на текстови за најубавите, најгостопримливите или најинтересните градови. Сепак, многумина ќе признаат дека не ги импресионирале сите тие градови.
Во врска со ова, британски „The Telegraph“ направи истражување помеѓу познати авантуристи за тоа кои европски градови ги сметаат за најгрди, банални или полни со недостатоци.
Германија: Гелзенкирхен и Билефелд
Кога станува збор за Германија, Гелзенкирхен и Билефелд се најдоа на листата на најгрди градови.
Еден од најсиромашните градови во земјата, Гелзенкирхен - очигледно беше шок за оние кои ја поврзуваат Германија со богатите градови како Минхен, Хамбург и Диселдорф или неговите бајковити градови полни со полудрвени куќи, средновековни улици и романтични замоци.
Гелзенкирхен е дел од некогаш просперитетниот регион за производство и рударство на челик во Северна Рајна Вестфалија, кој беше обновен по војната во буџетски стил што ги прави многу британски и европски градови подеднакво непривлечни.
Градовите како Есен, Дортмунд и Бохум се рутински исмејувани и омаловажувани од Германците како мрачни и здодевни, но ако го земете предвид Билефелд, него го сметаат за толку досаден што се зборува дека всушност не постои.
Италија: Ровиго
Во онлајн анкетите за најздодевниот италијански град, Ровиго е најчестиот одговор. Сепак, тешко е да се каже дека некој град во Италија е грд. Презирот кон италијанските градови главно го држи локалното население.
Грција: Малиа и Миконос
Тешко е да се замисли дека во славната Грција, која во колективната свест владее како летен рај, има мрачно место. Иако многумина сметаат дека Миконос е место кое зрачи со убавина, некои го нарекуваат „местото каде умираат соништата“. Имено, Миконос има „лоша репутација“ поради многуте џепчии.
Сепак, повеќето Грци не ја сакаат Малиа на Крит, каде што Британците пијат коктели во баровите, уринираат на канделабрите и се караат на улиците во текот на сезоната. Овде во лето е валкано, грдо и опасно како во некои помалку познати одморалишта.
Шпанија: Лепе и Мурсија
Лепе е град во провинцијата Уелва на Коста де ла Лус, познат по своите огромни фарми со јагоди кои ги снабдуваат британските супермаркети поголемиот дел од годината. Тоа звучи прилично привлечно. Сепак, Лепе претходно се сметаше за заднина на светот.
Мурсија е град на југоистокот на Шпанија, кој всушност е многу пријатен, иако е жежок во лето, исто така е предмет на потсмев и неправедно се смета за рурално место каде што сите возат трактори и имаат смешен акцент.
Холандија: Лелистад и Алмере
Оваа земја со шарени куќи и историски канали може да доведе и до ужасно здодевни градови. Градот кој Холанѓаните најчесто го наведуваат како најгрд во земјата е Лелистад.
Соседниот град Алмере е сличен на Лелистад, но неодоливата игра на зборови му дава предност на Лелистад. Името звучи како изразот „lelijke stad“ (лелајке стат) што на холандски значи „грд град“.
Франција: Марсеј
Марсеј се смета за главен град на криминалот на Франција, но често се забележува дека се стреми да биде „софистицирана меѓународна метропола“. Иако има бројни галерии, ексклузивни ресторани и хотели и бројни луксузни бутици, не им се допаѓа на Французите.
И понатаму е предмет на секоја шега за дрога, гангстери, пукање од автомобили, корупција, гласно претерување и општа изопаченост. А, да, и полн е со имигранти.