Како да го направите „најздравиот“ сок на светот? – Го зајакнува организмот, ја подобрува крвната слика и видот

Точка

03/12/2024

13:42

2.114

Големина на фонт

а а а

Станува збор за овошје кое содржи цела палета на минерали и други хранливи материи, а го зајакнува организмот, ја подобрува крвната слика и го подобрува видот.

Аронија

Аронијата е вид на бобинка и содржи витамини А, Ц, Е и Б, а исто така бобинките од аронија се богати со антиоксиданси, особено антоцијан, кој помага во борбата против слободните радикали во телото.


Аронијата го поддржува кардиоваскуларното здравје: Се верува дека бобинките го намалуваат крвниот притисок, го намалуваат нивото на холестерол и го подобруваат целокупното здравје на срцето.

Ова овошје има и антивоспалителни својства, па така може да помогне да се намали воспалението во телото.

Го поддржува дигестивното здравје: Аронијата може да биде корисна за здравјето на цревата и може да помогне да се намали ризикот од чир.

Го зајакнува имунолошкиот систем: Високата содржина на витамин Ц помага да се зајакне имунолошкиот систем.


Сок од аронија

Доколку сакате да подготвите домашен сируп од аронија, потребни ви се 4 килограми аронија (свежа или замрзната), а покрај тоа, ќе ви бидат потребни и:

Два килограми шеќер

Два литри вода

Сок од два лимона


Во принцип, подготовката е многу едноставна: измешајте ги шеќерот и водата и ставете ги да се варат додека да се растопи шеќерот, односно додека не почне да врие, што е околу 15 минути. Потоа додадете ја аронијата и оставете да зоврие. Од моментот кога смесата ќе зоврие, треба да се вари од 5 до 10 минути. Притоа не заборавајте постојано да ја мешате смесата, а откако ќе се свари оставете целосно да се излади.

Кога сирупот од аронија целосно ќе се излади, процедете го или преку крпа или цедалка, а бобинките оставете ги. Потоа и бобинките процедете ги најдобро со употреба на медицинска газа, а потоа сè заедно процедете уште еднаш, и така добиениот сируп од аронија повторно ставете го да се вари. Штом зоврие тргнете го од рингла, додадете лимонов сок и измешајте.


Вака подготвениот сируп од аронија веднаш сипете го во стерилизирани, загреани шишиња, а потоа веднаш затворете ги шишињата, а дури откако потполно ќе се изладат чувајте ги на ладно и темно место.

Од оваа мерка ќе добиете околу два литри сируп од аронија.

Инаку сокот можете да го подготвите без додавање други состојки, па дури и без вода, само ставете го овошјето во соковник, а секогаш чувајте го на ладно и темно место.

Исто така бобинките од аронија можат да се замрзнат, а потоа да се одмрзнат пред употреба. Меѓутоа кога еднаш ќе ги одмрзнете, не треба повторно да ги замрзнувате.