[ФОТО] Каде е денес најубавото девојче на светот? Има 23 години и во врска е со актер

Точка

20/11/2024

20:03

3.026

Големина на фонт

а а а

Тилан Блондо ја доби титулата „најубаво девојче на светот“ пред 17 години. Тогаш имаше само шест години, а на јавноста и стана позната уште на четири годишна возраст кога стана манекенка на Жан Пол Готје.

Кога наполни 10 години, таа беше најмладата манекенка која некогаш се појавила во „Vogue“. Едиторијалот предизвика контроверзии, бидејќи таа беше многу нашминкана и облечена во краток фустан.



Денес, Тилан е 23-годишна девојка која се појавуваше на модните ревии на Долче и Габана, Лореал Париз, Версаче, Ралф Лорен и Хуго Бос и се дружеше со познатите личности како Барбара Палвин и Зендаја.


Седум милиони луѓе ја следат на Инстаграм

Кога имаше 16 години, Блондо потпиша договор со „IGM Models“, модната агенција со која соработуваа многу познати личности како Алекса Чунг, Бела Хадид и Хејли Бибер.


Освен што изгради успешна манекенска кариера, Тилан има и голем број следбеници на социјалните мрежи – седум милиони луѓе ја следат на Инстаграм.

Таа не беше свесна за сопствената популарност

Во интервју за „Telegraph“ во 2018 година, таа откри дека не била свесна за нејзината светска популарност кога била помлада. „Луѓето ми велеа дека сум најубавото девојче на светот, а јас си мислев: „Не сум, само сакам да си играм со мојот „iPad“, изјави Тилан.


„И денес ми го кажуваат истото, а јас сè уште тврдам дека сум само обична девојка, тинејџерка“, додаде тогаш таа. Истата година, таа го лансираше нејзиниот моден бренд „Heaven May“, а според пишувањата на „Unilad“, не е познато дали нејзината модна линија сè уште постои бидејќи од 2019 година нема нови објави на официјалниот Инстаграм профил.


Од 2020 година Блондо е во врска со францускиот актер Бен Атал, а двојката неколку пати беше забележана во јавноста, меѓутоа деталите од врската ги кријат од јавноста.

Се појави на модната недела во Милано

Во февруари минатата година Блондо го привлече вниманието на модната недела во Милано.


Се појави на ревијата на брендот „Diesel“, и беше облечена во бел топ и светкаво широко здолниште, а носеше и впечатлива сива чанта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг