Не, ова не е римски Колосеум: Малку познати факти за филмот Гладијатор 2

Точка

20/11/2024

19:03

1.656

Големина на фонт

а а а

Максим е мртов, а неговиот син Луциус (Пол Мескал) е принуден да влезе во Колосеумот откако неговиот дом е уништен од тираните кои го контролираат Рим.

Ова е краткото резиме на филмот Гладијатор 2 во режија на Ридли Скот, кој ги следи настаните дваесет години по завршувањето на првиот филм и ги руши кино рекордите во првата недела од почетокот на неговото прикажување.


Гладијатор 2 е наречен најскапиот филм за 2024 година, а во неговата продукција беа вложени околу 250 милиони американски долари, а уште стотина беа потрошени за промоцијата.


Главната причина за високата цена? Употребата на специјални ефекти за прикажување на спектакуларни борбени сцени, но и фактот дека била изградена реплика на Колосеумот.

Реплика на римскиот Колосеум

Иако изгледаат реално, борбите во римскиот Колосеум воопшто не се снимени во главниот град на Италија. Ридли Скот инсистираше да се изгради монументална реплика на познатиот амфитеатар.


Станува збор за конструкција која е приближно една третина од вистинската висина и распонот на вистинскиот Колосеум, а која била доградена со помош „CGI“ за да личи на вистинската локација колку што е можно повеќе.


Сцените на гладијаторските борби во оригиналниот филм, како и во продолжението, се снимени на тврдината Рикасоли во Калкара, која била изградена помеѓу 1670 и 1698 година.


Во ова мало место на југоисточниот дел на Малта живеат само нешто повеќе од 3.000 жители, така што лесно е да се изолира од љубопитните очи во текот на снимањето на високобуџетските проекти.

Малта како филмска локација

Малта претставува спој на различни култури и нации - изгледа старо, но истовремено претставува флексибилна архитектонска база која може да се приспособи на различни потреби.


Токму ова е главната причина поради која многу холивудски магнати одлучуваат таму да снимаат историски спектакли – од Троја и Наполеон до Гладијатор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг