Шер вели: „Прв пат имав секс на 14 години, и тоа поради одмазда“

Точка

20/11/2024

23:08

2.748

Големина на фонт

а а а

Вчера беше објавен првиот дел од мемоарите на музичката легенда Шер – „Cher: The Memoir, Part One“, во кои е опишан нејзиниот живот од детството до славата и врската со Сони Боно.

Помеѓу другото, Шер во своите мемоари открила дека на 14 годишна возраст за првпат спиела со маж. Како што наведува 78-годишната пејачка, нејзиниот прв секс бил „секс од одмазда“. Шер објасни дека „се сплеткала со сладок италијански средношколец во раните 60-ти“. Но иако на почетокот не сакала да има секс со него, на крајот решила да му ја „позајми својата невиност“ откако тој ја „засрамил“.


„Ми се допадна неговиот автомобил повеќе од него“

„Едно италијанско семејство во нашата улица имаше сладок син кој беше матурант во средно училиште. Ги поминуваше викендите работејќи на својот автомобил додека јас му го додавав потребниот алат. Потоа ќе дојдеше во мојата соба, ќе се бакнавме, сакаше да му го придржам другиот „алат“, но јас му велев не“, пишува Шер.


„Ми се допаѓаше неговиот црн роудстер повеќе од него. Не дека не размислував за сексот во тоа време, бидејќи главниот разговор помеѓу девојчињата на училиште беше за тоа како ги поминуваат викендите забавувајќи се со момчињата, но никогаш не оделе до „четвртата база“, пишува Шер.

Шер мислеше дека тие еуфемизми се детски и не можела да ја разбере врската помеѓу бејзболот и сексот: „Кои мислат дека се тие – Џо Димаџо?“, вели пејачката.

„Толку ме повреди што имав секс со него“

Пејачката изјавила дека нејзиниот италијански сосед бил фин кога биле сами, но дека ќе ја третирал како „дете со кое му е незгодно да биде“ пред неговите пријатели.


Еден ден кога неговите пријатели му предложиле да одат на пикник, тој им кажал: „Во ред, ајде да ја земам и Шер“, тие се насмевнале и одговориле: „Ќе го земеш и тоа дете?“, по што ја оставил. „Бев толку повредена кога го направи тоа, така што за да се одмаздам решив да имам секс со него“, пишува Шер.



„Не го сакав тоа, инаку ќе го направев порано – еднаш од петстотините пати кога тој го бараше тоа од мене. Но, бев толку лута поради тоа што ме оставија, така што решив, ако не да ја загубам, тогаш да ја позајмам невиноста“.

„Не беше ништо посебно“

Откако заврши, како што вели тоа „многу преценето искуство“, Шер го оттргнала тинејџерот и го прашала: „Дали е тоа тоа?“, „Дали завршивме?“, а потоа му кажала да си оди дома и никогаш повеќе да не се враќа, надевајќи се дека и тој ќе се почувствува отфрлено како неа.


„На училиште им кажав на моите пријателки дека тоа за што постојано зборуваат не е ништо посебно и дека треба да продолжат само да се бакнуваат“, вели пејачката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг