[ФОТО] Женствена како никогаш порано: Интернетот „гори“ поради новиот изглед на манекенката со најпознати веѓи

Точка

20/11/2024

23:07

3.330

Големина на фонт

а а а

Манекенката Кара Делевињ ретко се осмелува да го промени својот стајлинг и имиџ, но овој пат дури и со мал детаљ успеа да ја воодушеви јавноста. Како со елегантниот стајлинг, така и со новата фризура која одлично ѝ прилега.

Иако е евидентно дека не се осмелила да им се „препушти“ на рацете на фризерот и да ја скрати косата, туку се одлучила за додатоци, микро-шишките кои одлично ѝ прилегаат со собраната коса.



Манекенката која се прослави со густите веѓи, со овој потег поттикна лавина реакции на социјалните мрежи, а со новите, густи и многу кратки шишки изгледа многу смело. Новите шишки се со должина од само центиметар над челото и се прави, за разлика од класичните шишки кои се спуштаат до веѓите.


Овој мал новитет е доказ дека секоја промена е добредојдена и дека секогаш можеме да работиме на фризурата и со ситни промени да постигнеме поинаков изглед.


Шишките на Кара, пак, бараат специфична форма на лице и веројатно е дека за овој нов изглед на манекенката се погрижил стручен тим.


Иако со децении наназад владее мислењето дека долгата коса е и најубава и најпрактична, меѓутоа таа не е лесна за одржување, па честопати не изгледа онака како што сакаме и замислуваме, од друга страна кратењето на косата е секогаш добра опција која не само што ќе го смени изгледот туку и ќе ја опорави косата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг