[ФОТО] "Karma" има нов модел: "Invictus" има повеќе од 500 коњски сили

Точка

11/11/2024

20:06

1.299

Големина на фонт

а а а

"Karma Automotive" вообичаено не ги полни многу често колумните во весниците, но компанијата го заслужува тоа сега бидејќи го претстави новиот модел – "Invictus".

"Karma" го претстави "Invictus" како „варијанта на револуционерниот седан "Revero", но фокусирана на перформансите“.


Иако моделот е многу сличен на "Fisker Karma", кој беше претставен пред речиси една и пол деценија, тој има поагресивен дизајн кој вклучува карбонски влакна – од нив се направени хаубата, покривот, багажникот и предните браници.


Промените во внатрешноста се поскромни, но има предни седишта со греење и вентилација со „art deco“ шема која потсетува на познатата њујоршка зграда Крајслер.


Бидејќи "Invictus" е заснован на третата генерација на "Revero", моделот има погонски агрегат кој се состои од 1,5-литарски турбомотор, батерија од 28 kWh и два мотори. Ова му дава комбинирана моќност од 536 коњски или и 745 Nm вртежен момент, како и електричен досег до 129 km.


Иако погонската единица е недопрена, времето кое му е потребно на новиот модел да достигне 100 km/h е намалено од 4,5 секунди на 3,97 секунди, најверојатно поради намалената тежина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг