Не може да го замени „Google"

Точка

07/11/2024

18:51

5.413

Големина на фонт

а а а

Новата „AI“ алатка за пребарување засега не може да му парира на „Google“.

Новиот производ на компанијата „OpenAI“ за пребарување, „ChatGPT Search“, засега не може да го замени „Google“ во основните функции на секојдневното пребарување, гласи заклучокот на експертите од технолошкиот портал „Tech Crunch“.

Експертот го користел новиот алат „OpenAI“ за пребарување само еден ден, а после тоа се вратил на „Google“, кој според неговото мислење дава многу подобри одговори на секојдневни прашања кои ги поставуваат милиони луѓе во текот на денот.

Според неговите зборови, пребарувањето со помош на алатот на компанијата „OpenAI“ на некој начин било импресивно и било многу корисно при барање на одговори на прашања кои инаку би барале проучување на многу реклами и статии кои се производ на „SEO“ оптимизацијата.

Во својот моментален облик новиот производ сепак е непрактичен за секојдневна употреба, која подразбира барање на податоци за навигација или кратки прашања до четири збора како „кафулиња блиску до мене“ или „резултати Денвер Нагетс“. Одговорите на вештачката интелигенција на овие едноставни прашања понекогаш биле неточни или непрецизни, се наведува во анализата.


„OpenAI“ тврди дека ќе работи на подобрување на реакциите на кратките прашања, а дека овој производ не може да го замени „Google“ како влезна врата за пребарување на интернет, се заклучува во анализата на „Tech Crunch“.