Што откривме на одмор, а решивме да го имаме и дома

Точка

24/09/2026

15:38

196

Големина на фонт

а а а

Септември е месецот кога летото полека станува спомен, а секојдневието повторно го фаќа својот ритам. Куферите се распакувани, фотографиите се веќе во телефоните, а работните и семејните обврски повторно се редат една по друга. Ова лето, сепак, од одморот не донесовме само убави спомени. Донесовме и една идеја за нашата кујна.

Ова лето повторно летувавме во Саранда со Маја и нашите семејства. Со неа сме старосватици, а заедничките летувања веќе полека стануваат наша мала традиција. Со две семејства, со 4 мали деца сите под еден покрив, кујната нормално беше едно од најфреквентните места во апартманот. Но, овојпат токму таму откривме нешто што не го очекувавме – готвењето одеднаш ни изгледаше многу полесно.

Додека едната подготвуваше вечера, другата ја гледаше плотната и се шегувавме: „Абе, само работи ова!“ Нема многу размислување, нема постојано проверување – само го поставуваш садот и готвиш. А по неколку оброци веќе знаевме дека ова е нешто што навистина би сакале да го имаме и дома.

Станува збор за новата генерација индукциски плотни KM8000 од Miele, која функционира малку поинаку од класичните шпорети на кои сме навикнати. Целата површина е активна, а плотната интелигентно го препознава секој сад што ќе го поставите. Наместо да размислувате на која рингла треба да стои тенџерето, едноставно го поставувате каде што ви одговара.


Токму оваа паметна технологија е особено практична во секојдневието на семејствата. Кога подготвувате повеќе работи одеднаш, имате поголема слобода да ги организирате садовите, а технологијата се прилагодува на вас. Така, готвењето станува полесно и попрактично, особено во оние денови кога сите имаат различни обврски и распоред. Дополнително, M Sense садовите за готвење имаат сензори кои постојано ја следат температурата. Системот може да реагира кога водата врие премногу силно или кога храната се приближува до точка на загорување, што значи помалку постојано проверување и поголема контрола при готвењето.

На одмор едноставно уживавме во тоа колку лесно функционира. Дури откако се вративме во Скопје и повторно почнаа работата, семејните обврски и секојдневното готвење, сфативме колку ваквата технологија всушност може да ни го олесни денот. Затоа, само што се вративме, почнавме да се распрашуваме по продавниците каде можеме да го најдеме моделот што толку ни се допадна. На крајот, го најдовме во Нептун. Некои работи од одморот остануваат во фотографиите. Други, едноставно, сакате, и треба да ги имате и дома.