[ФОТО] Ова се единствените фотографии од Тито во костим за капење: Познатиот Броз уживаше да се шета на приватната плажа, окружен со луксузот

Точка

06/11/2024

19:16

5.226

Големина на фонт

а а а

Јосип Броз Тито поседувал своја приватна плажа која лично ја уредил на островот Ванга, каде се релаксирал надвор вон претседателските активности. Неодамна се појавија фотографии од тој период, кои го прикажуваат во сосема поинакво светло, опуштено и во костим за капење.


Во 1952 година, додека пловел околу Брионите, Јосип Броз Тито здогледал пуст остров наречен Ванга. Островот му се допаднал на прв поглед и решил да го изгради според негов вкус, и лично го започнал чистењето на напуштениот остров на којшто подоцна поминувал голем дел од времето.

Покрај сопствена плажа и луксузната вила на островот Ванга, Тито имал и куќа за слуги, лекари, фотолабораторија која му била подарок од претседателот на Америка Џон Кенеди и мала браварска работилница каде ги усовршувал своите одамна стекнати вештини. Во текот на летото, Тито уживал да го поминува своето време токму на овој остров.


На островот Ванга на почетокот не постоела класична плажа, туку била изградена од бели камчиња и имала голема тераса каде што под сенка Тито ги прелистувал весниците и го пиел својот омилен пијалак.

Плажата која беше направена за Тито на почетокот од шеесеттите години, денес е само познато капалиште кое го користат сите хрватски претседатели.


Вилата на островот Ванга е своевиден музеј


Вилата на островот Ванга претставува мал музеј на дизајнот од 60-тите и 70-тите години на минатиот век и се состои од неколку простории, салон кој бил работна соба на Јосип Броз, и бил украсен со дрвен мебел со богати резби направени од мајстори од Охрид, како и кожен мебел.

Дневната соба беше уредена во медитерански стил со мебел од бела пластика, шанк и машина за еспресо којшто многу дизајнери и денес го копираат.


По малите скали се одело кон собата на Јованка, а во куќата имало фотографии од Марија Броз, мајката на Тито, како и слика од Пикасо, кој бил пријател на Тито, и кој му ја насликал сликата во замена за ковчег со квалитетно далматинско вино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг