[ФОТО] Зошто никој не ни го кажа ова порано?: Како да ги користиме копчињата на рамениците од мантилот

Точка

08/11/2024

17:42

3.757

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате палта и мантили и често ги носите, сигурно сте забележале дека тие имаат копчиња на рамениците, но дали ја знаете нивната вистинска намена?

Дури и најмодерните парчиња облека честопати имаат многу детали за кои не сме сигурни за што служат и дали имаат некаква намена или се само „декорација“, а истата дилема се појавува околу копчето во пределот на рамото кај одредени модели на јакни и палта.


Од друга страна, жените генерално сакаат да носат чанти, но без разлика дали носат поголеми или помали, сите се соочуваат со иста „главоболка“ – кога чантата ќе се откачи или ќе падне од рамото во текот на одењето или при други активности.


„Кој можеше да го знае ова?“

Меѓутоа една корисничка на социјалната мрежа „Х“, сподели решение за овој проблем. Имено таа носејќи плишена јакна со копчиња на рамениците, одлучи да ги откопча овие копчиња на рамениците и таму да ги стави рачките од чантата, а потоа ги закопча копчињата.

„Ми требаа 18 години да научам дека чудните копчиња на рамениците од јакните се таму за да ја држат чантата за таа да не паѓа од рамото. Кој можеше да го знае ова“ – напиша девојката притоа покажувајќи фотографија од нејзиното откритие.

Коментарите под нејзината објава покажуваат дека ниту една жена не го знаела ова порано: „Залудно поминаа сите овие години“, „Шокирана сум, но сега сè има смисла. Отсекогаш мислев дека тие копчиња се само за украс“ „Зошто никој никогаш не нѝ го кажал ова?“, беа само дел од коментарите под фотографиите од ова „откритие“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг