Eден од најпознатите современи филозофи открил што денес значи да се биде вистински образован: Вака одговорил на поставеното прашање

Точка

12/11/2024

19:28

2.494

Големина на фонт

а а а

Ноам Чомски, попознат како „таткото на модерната лингвистика“, е автор на повеќе од 100 книги за лингвистика, историја, филозофија, политика, образование и модерна култура.

Повеќе од 60 години беше професор на Универзитетот во Масачусетс (Институт за технологија - МИТ), но она што секогаш го издвојуваше од колегите беше дарежливоста со која го споделуваше целото свое знаење, откритија и ставови со секој што прашуваше.


Вака тој одговара на прашањето што значи да се биде вистински образован.


„Мислам дека не можам подобро да одговорам на прашањето што значи да се биде вистински образован отколку да се вратам на некои класични ставови на оваа тема. На пример, основачот на современиот систем на високо образование, Вилхелм фон Хумболт, водечки хуманист, некој што е симбол на просветителството и кој има напишано опширно за образованието и човечкиот развој, смета, мислам, сосема убедливо, дека основниот принцип и барање на исполнето човечко суштество е способност самостојно да истражува и конструктивно да создава без надворешна контрола.

Ако погледнеме наназад кон современите колеги, водечки физичар кој предавал овде [на МИТ], им тврдел на своите студенти дека не е важно она што го покриваме на часовите, туку она што тие го откриваат на тие часови.

Да се ​​биде вистински образован значи да се биде во позиција да се наоѓаат информации, да поставуваш прашања и врз основа на ресурсите што ти стојат на располагање - да создаваш.

Да ​​знаеш каде да бараш, да знаеш како да формулираш сериозни прашања, да преиспитуваш и доведуваш во прашање стандардната доктрина, доколку е соодветно. Да го најдеш својот пат, да обликуваш прашања што вреди да се следат и да го развиеш тој пат за да ги следиш.


Тоа секако значи дека знаеш и разбираш многу работи, но многу поважно од тоа да имаш информации зачувани во твојот ум е да знаеш каде да бараш, како да гледаш, како да прашуваш, како да предизвикуваш, како да дејствуваш самостојно, да се справиш со предизвиците што светот ти ги претставува и како се развиваш за време на твоето самообразование и истражување, во соработка и солидарност со другите.

Тоа треба да го негува образовниот систем од градинка па сѐ до постдипломските студии и тоа е систем кој создава луѓе кои, барем според моите стандарди, се добро образовани“, рече Чомски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг