Жените се силни како карпа, тие можат сè, но дали нивниот труд и работа се ценат? Еве како на тоа гледаат Арапите.
Познавав жена која работеше од утро до вечер, градеше кариера, додека имаше три деца дома. Така растргната, таа брзаше на сите страни, како октопод кој ги истегнува своите краци така да не ѝ испадне ниту еден конец од рацете.
Најчудно е што никој никогаш не ѝ пришол на помош затоа што упорно велела дека може сè, дека постигнува сè … За ситуацијата да биде уште полоша, не ни била ценета во семејството. Кога би му рекла на сопругот: „Секоја чест, каква жена си оженил!“, тој полуиронично би одговорил: „Што, што ми фали пак мене? Ставајќи ги способностите на неговата сопруга во втор план.
Тоа ме натера да се сетам на една стара арапска приказна, која гласи вака:
„Старецот Абдула живеел со години сам во пустина под жешкото сонце. Уште од детството сонувал да ископа голема дупка која дождот ќе ја пополни и на тој начин да формира езеро во кое ќе уживаат неговите синови и внуци.
Кон крајот на животот решил да го направи токму тоа. Цели 9 години копал огромна дупка дење и ноќе, која подоцна се претворила во прекрасно езеро, оаза во пустината.
Луѓе од сите страни доаѓале да му се восхитуваат на неговата работа, велејќи дека не поминал залудно 10 години, но старецот на нивните пофалби одговарал вака:
„Немам ништо со тоа. Бог одлучи да ни го даде ова езеро. Кога ќе погледнете внимателно, водата не е толку чиста, а има и поубави езера … “
На почетокот луѓето почнале да го третираат езерото како чудо, но по зборовите на старецот, полека почнале да ги мијат своите валкани партали и валканите нозе во ова езеро. Некогаш чистата вода, брзо се заматила, а водниот свет исчезнал …
Ова го здоболело старецот повеќе од сè, но луѓето реагирале токму онака како што тој им кажал.
Затоа што никогаш не смеете да го обезвреднувате и омаловажувате вашиот труд и работа. Ако вие не се цените себеси, нема да ве ценат ниту другите“.