[ФОТО/ВИДЕО] Поранешна манекенка (32) живее во стар автобус: „Доста ми беше од градскиот живот, ми дојде преку глава од него“

Точка

05/11/2024

23:04

7.109

Големина на фонт

а а а

Лаура Ла Ру е 32-годишна „пензионирана“ манекенка од Лос Анџелес, која го сменила својот животен стил и решила да направи нешто сосема поинакво.

Таа сега живее во реновиран училишен автобус во Оџаи со својата мала ќерка и одгледува свои производи.

„Повеќето луѓе се мажат, купуваат куќа и имаат дете. Ова е она што го сакав – безбедно засолниште каде што можам да угостам луѓе и да уживам во основните работи. За среќа, начинот на кој живеам не бара многу пари“, рече таа во неодамнешното интервју за „Ел-еј тајмс“.

Таа го напуштила училиштето на 16 години за да ги оствари своите соништа, а во текот на кариерата соработувала со познатиот фотограф Дејвид ЛаШапел и се дружела со актерот Леонардо Дикаприо.

„Ми здодеа градскиот живот. Си помислив: ‘Воопшто не ми се допаѓа ова’. Имав здравствени проблеми предизвикани од стресот. Бев на диета поради мојата работа и сакав да сменам некои работи и почнав да трошам време на себе.“


Во 2016 година, поранешната манекенка се повлекла во мала кабина на ранчот на нејзината мајка во Санта Паула, но кабината била уништена од пожар една година подоцна.

Во меѓувреме, таа се заљубила во маж кој работел на ранчот на нејзината мајка и почнале да живеат заедно во комбе. Кога забременила, нивната врска почнала да се распаѓа и таа решила да се насели на едно парче земја во Оџаи, каде што ја изградила својата импровизирана подвижна куќа од стар училишен автобус.


Нејзиниот дом има тоалет, туш, шпорет и рерна, а нејзиното бебе има свое мало катче за спиење. Таа има 26.000 претплатници на нејзиниот канал на Јутјуб и објавува различни туторијали.

„Мојата цел е да ги инспирирам луѓето да направат промени за да си го подобрат животот и да не се плашат да ризикуваат“, вели поранешната манекенка, која поголемиот дел од деновите ги поминува на отворено со својата 16-месечна ќерка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг