Катерина Попева, нашата позната бодибилдерка уште еднаш ја покажа својата неверојтно секси фигура, и тоа во улога на жена - мачка за овогодишната „Ноќ на вештерките“.
Катерина за оваа „страшна“ ноќ се одлучи за црна, секси комбинација од гаќички и невообичаен градник - боди кој се врзува на бутовите, а изгледот го комплетираше со долги, кожени, црни чизми.
Додека црвениот кармин на нејзините усни додаде уште повеќе сексапилност на нејзиниот изглед.
Инаку Попева е позната како „Кате Trinity“ и „Кате Hard to explain“, и е фитнес тренерка и повеќекратна бодибилдинг шампионка, но и моден дизајнер.
Попева има завршено ликовна академија во Софија на отсекот за моден дизајн, а живее и работи во Скопје.
Попева е неколку кратна државна шампионка, Балкански мастерс боди фитнес шампион, Светски вице шампион топ 4 Арнолд Класик шампион.
Исто така таа е персонален и групен ИФББ сертифициран тренер - мотиватор, докажана во полето на фитнесот, бодибилдингот и здравиот начин на живеење повеќе од 15 години.
Во своите претходни интервјуа Попева раскажа дека со вежбањето почнала да се занимава од 14 годишна возраст, а со професионални натпревари се занимава 9 години.
Таа исто така вели дека сѐ започнало додека учела средно училиште.
Имено, таа учела во средно уметничко, а тоа училиште немало спортска сала и часот по физичко бил одржуван во фитнес клуб. Попева почнала да го посетува клубот секојдневно, а тоа ѝ станало рутина без која не можела да си го замисли денот, и оттогаш го засакала бодибилдингот и никогаш не го напуштила. Исто така на жените им препорачува да се грижат за себе си, секогаш да се средени и да вежбаат за да имаат поголема самодоверба и да се чувствуваат убаво во својата кожа.