[ФОТО] Се сеќавате ли на Пагсли од „Семејството Адамс“?: Тој денес има 44 години и повеќе не се занимава со актерство

Точка

31/10/2024

15:46

1.002

Големина на фонт

а а а

Семејството Адаме на многумина им е еден од омилените класици за гледање на Ноќта на вештерките. Станува збор за црна натприродна комедија од 1991 година, а улогите во неа ги толкуваа Ањелика Хјустон, Кристина Ричи, Раул Џулија, Кристофер Лојд, Џими Воркман и многу други.


Џими имаше само 11 години кога беше објавен филмот, а ја играше улогата на Пагсли Адамс, младо, лукаво и брилијантно момче.

Неговата сестра сакаше да ја глуми „Wednesday“, но улогата ѝ припаднала на Кристина

Воркман пристигна на аудицијата за семејството Адамс со неговата постара сестра Шенел Воркман, која сакаше да ја глуми „Wednesday Adams“. Меѓутоа, улогата на крајот ѝ припадна на актерката Кристина Ричи, па Шанел не глумеше заедно со братот во хит филмот.


Џими бил забележан од режисерот Бери Соненфелд и продуцентот Скот Рудин додека играл на сетот и побарале од него да го чита текстот за улогата на Пагсли и врз основа на тоа ја добил улогата.

Се откажал од актерството

Иако неговиот лик на многумина им се допадна и стана популарен во 90-тите, Џими, кој денес има 44 години, многу брзо се откажал од актерството. По појавувањето во „Семејството Адамс“ тој имаше споредни улоги во филмовите како што се „Black Sheep“, „As Good as It Gets“, „Christmas in Connecticut“ и „The Biggest Fan“, а се појави и во серијата „Matlock“.


Меѓутоа, Воркман се повлече од актерството и започна кариера зад камерите. Од 2019 година живее во Калифорнија со своето семејство и се занимава со различни работи во филмската продукција. Неговата помлада сестра е Ариел Винтер, позната по улогата на Алекс Данфи во серијата „Модерно семејство“.


Претходно овој месец, Воркман повторно се сретна со своите колеги од филмот „L.A. Comic Con“. На средбата беа присутни Ањелика Хјустон, Кристофер Лојд, Ричи и Карел Струјкен. После средбата, Лојд објави фотографија на Инстаграм со опис: „Семејството што опседнува заедно останува заедно“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг