Веруваше дека ќе ја штити, а тој брутално ја уби: Една типично женска грешка Индира Ганди ја чинеше живот

Точка

31/10/2024

16:46

1.757

Големина на фонт

а а а

Индиската премиерка Индира Ганди истовремено ја сакаа и мразеа, а додека едни ја нарекуваа кукла со празна глава и чудовиште, дури ја сметаа за месија.

Индира Ганди беше родена на 19 ноември во проблематичната 1917 година, непосредно по Октомвриската револуција, во Алхабад, Индија – во познатото семејство на политички активисти „Нехру“.


Нејзиниот татко Џавахарлал Нехру останува запаметен во историјата како еден од најважните претставници на движењето против британската колонијална власт и лидер на Социјалистичкиот индиски конгрес. Токму таа титула го чинеше 10 години поминати в затвор, но го круниса и како херојски борец за национална независност.

Индира растеше среде борбата за независност, во високо политизирано семејство. Се школувала во приватно училиште во Швајцарија, а за тоа плати превисока цена, бидејќи истовремено го следела здравјето на мајка си при неуспешното лекување од туберкулоза. По нејзината смрт, таа се префрлила на колеџот Самерсвил (Оксфорд), но никогаш не го завршила.

Таа беше избрана за претседател на младинската организација во рамките на Индискиот национален конгрес во 1956 година, а осум години подоцна, по смртта на нејзиниот татко, го доби неговото место во парламентот.


Во тоа време речиси никој не веруваше во Индира – дури ни луѓето кои ја избраа и ја поставија на таа функција. Нејзиниот сопруг Фероз Ганди, од кого се разведе, почина во 1960 година. Дека на почетокот не била доволно сериозно сфатена, ниту политички, ниту интелектуално, покажува и прекарот што го добила – „гунги гудија“ – кукла со празна глава.

Сепак, за само пет години, Индира Ганди стана еден од највлијателните премиери кои некогаш владееле со Индија.

Таа ги национализираше банките, а индустријата се развиваше со голема брзина – до тој степен што во сојузната држава Махараштра, се отвори првата нуклеарна централа. Истовремено, Индија за прв пат по многу години, влезе во периодот на таканаречената „Зелена револуција“ и стана независна од увозот на странски прехранбени производи.


Меѓутоа и покрај сето тоа многумина во Индија ја мразеа. Имено, во 1975 година, Врховниот суд во Алхабад ја прогласи Индира за виновна за наводни изборни малверзации на изборите во 1971 година, наредувајќи и да поднесе оставка и и изрекувајќи и забрана за политичка активност во траење од шест години.

Како одговор на тоа, премиерката Ганди, повикувајќи се на членот 352 од Уставот, прогласи вонредна состојба. За тоа време, Индира постигна бројни успеси, како што е запирањето на тешките верски конфликти. Но од друга страна, останатите мерки кои ги презеде не беа воопшто популарни. Нејзината влада ја легализираше стерилизацијата за да спречи постојан пораст на населението, а затвори неколку медиумски куќи и ги ограничи политичките слободи.


Таа ја прецени својата популарност и распиша вонредни избори во 1977 година, на коишто загуби, но и покрај тоа, се врати на власт во 1980 година. Нејзиниот втор мандат како премиер беше исполнет со конфликти со Сиките (припадниците на сикизмот) во Пенџаб.

Водачот на Сиките Џарнаил Синг Бидранвал прогласи Независна самоуправна заедница на Сиките, а овие сепаратисти го поддржаа Пакистан во тешкиот конфликт меѓу двете земји.


Во јуни 1984 година, терористите упаднаа во храмот на Сиките – Златниот храм во Амрикари. Како одговор на тоа, Индија ја спроведе воената операција „Сина ѕвезда“ во која беше ослободен храмот и беа убиени околу петстотини негови заштитници.

Не им требаше многу време на Сиките да се одмаздат за ова. На 31 октомври 1984 година, Индира Ганди беше смртно ранета од Сик, кој беше нејзин телохранител.


Тоа утро таа се радуваше на закажаното ТВ интервју со познатиот англиски писател, драматург и актер Питер Јустинов, и се подготвувала долго време за него. Во последен момент решила да го соблече панцирниот елек, верувајќи дека изгледа дебело – што подоцна се покажало како фатална одлука.

За некои, Индира Ганди и денес е месија, жена која ги освои срцата на сиромашните и непривилегираните започнувајќи на програми за социјална помош под слоганот „Долу сиромаштијата“.


За други, таа е чудовиште – личност во текот на чија власт Индија помина низ најтемниот период, кога опозицијата беше безмилосно задушувана, противниците беа апсени, а слободните медиуми со кои се гордее оваа земја – беа задушени 19 месеци.

Сепак, во историјата на нејзината земја, Индира Ганди останува запаметена не само како прва жена на функцијата претседател на влада, туку и како паметна и енергична политичарка која направи многу за да ја зајакне својата земја и нејзиниот меѓународниот авторитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг