Се огласи тимот на Мбапе по обвинувањата за силување: „Тој е целосно мирен бидејќи знае дека ништо не направил …“

Точка

16/10/2024

20:31

1.686

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе со денови е во центарот на вниманието поради наводните сомнежи дека е вмешан во силување во Стокхолм. Пред јавноста се обрати и неговата претставничка Мари-Алис Кану Бернард.

Стокхолмската полиција потврди дека има пријава за силување. Секако, ништо не прецизираа, но се поклопува со времето во кое францускиот фудбалер го посети главниот град на Шведска.

Сепак, претставничката на Мбапе, Мари-Алис Кану Бернард, истакнува дека ниту тој, ниту адвокатскиот тим немаат добиено официјално известување дека за нешто постои сомнеж.


„Килијан е целосно мирен, бидејќи знае дека не направил ништо. Овој напад го следи од далечина и иако е донекаде заштитен, ќе биде погоден од ова. Тој има 25 години. Ние сè уште не сме официјално известени дека тој се товари за нешто. А медиумите цело време известуваат. Тешко е да се живее со тоа“, изјави Кану Бернард.

Таа категорично негира дека силувањето можело да се случи и да биде прикриено поради бројните камери.


„Ако тоа се случило во хотел, има 10.000 камери, тоа е одлично за нас. Како што видовме во случаите на некои спортисти во странство, благодарение на тие камери во хотелските ходници можеме да дознаеме што точно се случило, а што не. Живее поинаку од нас, се разбира. Околу себе има санитарен кордон, живее во балон кој воопшто не му дозволува да влезе во ризични ситуации. Затоа што е многу експониран и свесен за тоа. И се е средено да не се случуваат такви ситуации. Секогаш има некој со него“.


Сигурно најдобро би било самиот Мбапе да реши сè што е можно поскоро. И овој пат во Стокхолм не само што му донесе потенцијална вмешаност во непријатна ситуација, туку и осуди од Франција, бидејќи претходно ја одби поканата на репрезентацијата со оправдување дека мора целосно да ја санира повредата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг