Ѕола импресиониран од големото засилување во Серија А: Не знам што гледаа во Јунајтед…

Дерби

17/10/2024

14:21

964

Големина на фонт

а а а

Џанфранко Ѕола е играчка легенда на Челси и најубавите моменти ги понуди како член на премиерлигашот, но истовремено, тесната врска со Италија прави будно да ги следи сите натпревари и во Серија А.

Стартот на сезоната за многумина е изненадувачки поради извонредната форма на Наполи под водство на Антонио Конте, а Ѕола си даде за право да избере еден играч од кој е посебно воодушевен.

Наполи е лидер во најсилната италијанска лига и очекува да продолжи со победничкиот ритам по крајот на репрезентативната пауза, период кој Ѕола реши да го искористи за да го испофали големото летно засилување на Конте.

– Мора да признаам дека сум пријатно изненаден од МекТоминеј. Не можам да верувам што гледаа во Јунајтед, не можам да верувам дека се откажаа така лесно од ваков играч. Не ја знам точната причина за таквиот расплет, но Наполи доби џек-пот со него.

– Сите ги импресионираше со тоа што го прикажа досега. Има добри перформанси на теренот, постигнува голови и да бидам искрен, малку сум вџашен од неговите изданија. Не очекував дека е толку добар, – вели Ѕола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг