„Alfa Romeo Brera“ беше купе кое многумина го обожаваа, но го возеа најмногу оние на кои практичноста и просторноста не им беа во фокусот. Сега доаѓа „Brera“ во издание кое недостигаше тогаш како и сега, кога речиси и да нема алтернативи за кренати автомобили.
Брендон Шолц е голем обожавател на „Alfa Romeo“, но и своевиден визионер кој не се откажува од своите идеи. Една од нив беше уникатната „Brera“, но овој пат со пет врати. Најогнената „Alfa“ што ја видел асфалтот е создадена во гаражата како уникатен производ добиен со преработка на моделот „159“.
Исто како и оригиналот, кој престана да се произведува некаде во 2010 година, „Alfa 159“ служеше како донатор за преработката која на крајот заврши со голем успех. Пред вистинската реализација, сопственикот многу студиозно тргнал на работа правејќи дигитален рендер, а потоа тргнал во потрага по „Brera“ чиј заден дел може да го користи.
Интересно е што за основа ја избрал најмоќната верзија на моделот „159“, онаа придвижувана од 3,2 „V6“ мотор со 260 коњски сили и 322 Nm, во комбинација со „Q4“ погонот на сите тркала. Најголем дел од преработката е направена зад задната осовина, а епилогот е над сите очекувања. На крајот на краиштата, уверете се сами.
На крајот само ќе споменеме дека финалниот производ е создаден од вториот обид. Првиот неславно завршил со разочарувачка изведба на споевите. Конечната верзија е резултат на совршена симбиоза на наградуваната „Rosso Red“ нијанса на „8 C Competizione“, бандажите на верзијата „Quadrifoglio“ и стандардното спуштање на суспензијата.