Славната пејачка стана тема во јавноста откако на социјалните мрежи, поточно на ТикТок, се појави едно нејзино видео.
Видното слабо издание на Кристина Агилера ги загрижи присутните на настанот, но и нејзините фанови на социјалните мрежи. Набрзо потоа, обожавателите започнаа да ги споредуваат нејзините претходни фотографии со актуелните, и заклучиле дека таа веројатно ја практикува популарната метода за слабеење, таканаречена „Оземпик“.
Ozempic is not what a girl wants or what a girl needs pic.twitter.com/UbOLt8JQXl
— Aaron 🩵 (@ABeardedHero) September 30, 2024
Но, пејачката судејќи по изгледот претерала со дозата на лекот бидејќи во целост го променила физичкиот изглед.
Еден корисник на социјалните мрежи тврди дека кај неа може да се забележи атрофија на мускулите и дека тоа дефинитивно е од лекот Оземпик. Со неговиот став се согласиле и останатите корисници кои едноставно прокоментирале дека Агилера „претерала“.
За потсетување, познатата пејачка со години водеше борба со вишокот килограми, а сега одлучила да стави крај на тоа. Таа експресно изгуби над 20 килограми, а фановите уште тогаш започнаа да шпекулираат дека станува збор за „Оземпик диета“.