Астролошка прогноза за октомври: Вагите ги очекува возбудлив месец, Шкорпиите може да влезат во тајна врска

Точка

01/10/2024

02:00

5.840

Големина на фонт

а а а

Дознајте што ве очекува во месецот октомври според Зодијакот!



ОВЕН

Овој октомври ве очекуваат промени на работното поле, но Марс ќе ви ја даде потребната енергија за да се соочите со предизвиците кои тие ги носат. Искористете ги можностите за професионален раст и учење на нови вештини. На 18-ти и 19-ти октомври, кога Венера и Меркур ќе преминат во знакот на Шкорпија, можеби ќе имате мали несогласувања со колегите, но ќе ги решите на вистински начин. Октомври месец за вас е добар месец за искористување на можностите и добри финансии.

Убави вастани ве очекуваат и на емотивното поле на животот. На повидок е планирање на семејство и важни познанства. Искористете го ова Сонце во Вага. Околу 2-ри октомври избегнувајте било какви конфликти. Доколку сте зафатени, може да дојде до мало незадоволство во љубовта, а во втората половина од месецот ќе има засилени страсти.

На здравствен план можен е пад на енергијата, како што е случајот со многумина. Обрнете внимание на вирусни инфекции, кај жените можни се проблеми со репродуктивните органи и органите за дишење. 


БИК

Во деловниот сегмент ви следуваат многу важни настани. Во првата половина на октомври многу од вас ќе добијат важни известувања или пак можност за паралелно вработување. Прифатете. Месецот е многу добар кога е во прашање работата, а финансиите ви се подобруваат и не би требало да имате поголеми проблеми.

На љубовно поле можни се нови познанства. Ако се уште не сте заљубиле, октомври е месец кога можете да го очекувате тоа. Искористете ги предностите додека Венера е во Шкорпија, но бидете многу внимателни од 14-ти до 16-ти октомври, бидејќи можни се конфликти со саканата личност доколку сте зафатени. Доколку не сте, следуваат некои потенцијални авантури.

Во здравствениот сегмент бидете малку претпазливи во однос на исхраната.


БЛИЗНАЦИ

Ова ќе биде добар месец за вас, Близнаци. До средината на октомври уживајте во добри настани на деловно поле. Работата нема да ви падне тешко, а финансиската состојба ќе ви се подобри значајно. Се ќе се одвива без проблеми и потешкотии. Вие и сите воздушни знаци треба да го искористите периодот од 8-ми до 14-ти октомври за било какви парични трансакции, трговија, патувања и образование. Односот со колегите може да биде предизвик за вас, но важно е да останете професионални и фокусирани.

Ве очекуваат многу убави настани во љубовниот сегмент од животот. Ако не сте заљубени, сега е време да го направите тоа! Ако сте зафатени, имате поддршка од саканата личност. Плутон ве мотивира да бидете искрени и отворени во комуникацијата со партнерот, што дополнително ќе ја зајакне вашата врска. Втората половина на октомври е без промени, па на повидок немате поголеми проблеми. 

Во здравствениот сегмент од животот потребни ви се повеќе одмор, сон и зајакнување на имунитетот.


РАК

Ракови, го имате Марс во вашата прва куќа цел октомври. Тој ви дава енергија и како што изгледа, ќе имате убави аспекти и со другите планети. На деловно поле ве очекуваат добри настани и можни промени. Сите кои се занимаваат со приватен бизнис или сакаат да сменат нешто на тоа поле, октомври е идеален месец за да го направите тоа. Ќе бидете задоволни од вашата финансиска состојба.

На емотивно поле ќе бидете мирни, но искористете ја позицијата на Венера во периодот од 18-ти и 19-ти октомври за да се дружите, излегувате и да се заљубите. Некој ќе ги поттикне вашите емоции. Во последната недела од октомври можна е тешка комуникација со саканата личност, но затоа овие други денови ви се одлични. 

Полни сте со енергија и кога е во прашање вашето здравје. Сепак имајте малку претпазливост кога станува збор за вирусни инфекции, циркулација и варење на храна.


ЛАВ

Лавови, октомври е многу убав месец кога е во прашање работата. Секој што се занимава со комуникативни работи или работи кои вклучуваат патување или дружење ќе има успех и ќе има пари. Можно е да има промени во начинот на водење бизнис, затоа искористете го овој период да се прилагодите. Тоа ќе биде промена која ќе ви се допадне, а можете да добиете и прекрасен глас кој ќе ве израдува и ќе ви донесе многу придобивки. Иако втората половина од месецот не е толку лоша, внимавајте на трошењето пари.

На емотивно поле ве очекуваат добри настани и нови познанства. Можеби на некое патување некој ќе ви ги разбранува емоциите. На повидок се нови познанства и изјави за љубов. Запознајте се, дружете се, бидејќи можеби таа личност е на само чекор од вас. Ќе бидете исполнети.

Во здравствениот сегмент, можни се кардиоваскуларни проблеми, доколку веќе сте ги имале или  проблеми со 'рбетот и циркулацијата. Значи, бидете внимателни.


ДЕВИЦА

Драги Девици, ова е идеален период за вас кога е работата во прашање. Многумина може да очекуваат прилив на пари и во секој случај, месец октомври е многу поволен за вас. Време е за напредок, а најлошиот период е зад вас. Бидете упорни а упорноста секако ќе ви биде наградена. Бидете уште толку прецизни, точни и динамични какви што секогаш сте, и не плашете се. Месецот октомври ви носи големо задоволство на ова поле.

Во емотивниот сегмент од животот имате исто така убави настани. Дружете се и излегувајте. Некој го чека вашиот повик. Контактирајте го, бидејќи можеби нема храброст да ви пријде. Искористете го максимумот од овој месец. Доколку сте зафатени, овој месец можете да ги надминете периодите на несогласување и да постигнете подобра комуникација со партнерот. 

На здравствено поле, мала претпазливост. Пазете се од вирусни инфекции, а можен е и пад на енергијата. Исто така, ве демнат и проблеми со циркулацијата, но не би требало да има поголеми здравствени проблеми.


ВАГА

Среќен роденден драги Ваги! Еве еден прекрасен период за вас. Затемнувањето на Сонцето се случува во вашиот знак, затоа бидете трпеливи во првите денови од октомври. Подоцна ве очекува добар период на деловното поле. Можни се приливи на пари, но внимавајте како ги трошите парите во втората половина на октомври бидејќи можете да имате поголеми трошоци на крајот на месецот. Убав октомври, затоа искористете го.

Што се однесува до емотивниот сегмент, доколку се уште не сте се заљубиле, почекајте до втората половина на октомври. Секако ве очекува убав период. Ако сте зафатени, бидете трпеливи и шармантни како што сте. Значи, драги Ваги, нема поголеми проблеми овој месец за вас.

Здравствено, можни проблеми со крвниот притисок и појава на хронични заболувања.


ШКОРПИЈА

Почитувани Шкорпии, не би требало да имате поголеми проблеми на деловното поле, сепак, внимавајте на комуникацијата со колегите. Ова најмногу се однесува на првата половина од месецот. Може да има некои озборувања и ширење на дезинформации. Но, не грижете се и тргнете напред по свој пат и во насока која е добра за вас. Ќе блеснете силно и ќе се чувствувате убаво. Пари ќе има и не грижете се, октомври е добар месец кога се во прашање финансиите.

Време е да заблескате на емотивно поле. Октомври ви отвара можност да влезете во стабилна емотивна врска. Сепак бидете претпазливи и внимавајте со кого влегувате во врска. Многумина можат да влезат и во тајни врски, затоа проверете ја личноста со која сакате нешто сериозно или почекајте. Периодот помеѓу 15-ти и 16-ти октомври може да биде критичен за вас, останатите денови од месецот се погодни. Зафатени Шкорпии, избегнувајте конфликти и љубоморни сцени, како и расправии.

Здравствено, не би требало да има поголеми проблеми. Работете на вашиот имунитет. Можни се  привремени настинки и појава на дигестивни проблеми.


СТРЕЛЕЦ

Драги Стрелци, месец октомври е добар месец за вас на деловното поле. Можна е реализација на планот кој долго го чекавте. Искористете го октомври да се вработите доколку не работите, или пак да започнете со образование. Сонцето во знакот Вага ви дава можности да одите напред. Не се сомневајте во вашите способности. Искористете ја првата половина на октомври и видете како се ќе ви оди од рака.

Во емотивниот сегмент многумина можат да влезат во тајни врски. Можеби не е вистинскиот период за нови почетоци и врски, но ќе има познанства, авантури и флертувања. Затоа, кога Венера ќе ја нашушти Шкорпијата каде што „не се чувствува добро“ и кога ќе помине посесивноста и љубомората што ги носи во овој знак, тогаш таа ќе влезе во вашиот знак и тогаш ќе заблескате. Зафатени Стрелци, октомври бара од вас блага претпазливост. Ако сте во брак, понекогаш може да се почувствувате осамено иако сте во близина на вашиот партнер, но тоа е минливо чувство, верувајте.

Во однос на здравјето, бидете внимателни со очниот притисок. Оние кои имаат проблеми со него и дигестивниот тракт може да доживеат помали проблеми.


ЈАРЕЦ

Во месец октомври ве очекуваат ситни несогласувања и недоразбирања со важна личност на деловното поле. Имате потреба од промени, па многумина од вас можат да ги променат работните места. Следува просперитет. Втората половина на октомври ќе биде поволна за вас. Во првото полувреме останете смирени. Ќе има пари, а поддршката е тука за вас. Несогласувањата и недоразбирањата се привремени.

Флертувањето, новите познанства, но и влегувањето во тајни врски зрачат на емотивното поле во вашиот живот. Преку Интернет и социјалните мрежи, како и преку пријатели, може да запознаете интересна личност. Излезете, запознајте се и можеби некој ќе ви ги разбранува емоциите, ако веќе не ги разбранувал. Зафатени Јарци, може да имате блага нервоза и незадоволство кога е во прашање врската со саканата личност. Сето тоа е минливо. Обрнете внимание околу средината на октомври, бидејќи во текот на тие неколку дена може да дојде до недоразбирања.

Во здравствениот сегмент може да дојде до пад на енергијата и благи проблеми со коскениот систем. Ако треба да посетите стоматолог, сторете го тоа што поскоро. Како и кај многумина и кај вас се можни вирусни инфекции.


ВОДОЛИЈА

Водолии, на деловно поле ве очекува соработка со странски држави и можно е да си ги остварите вашите идеи и соништа. Веројатно во последно време сте имале незадоволство на деловен план, но сега тоа се менува. Ве очекуваат убави настани. Можно е на моменти да бидете вознемирени или да се чувствувате непријатно од нечие присуство, но и тоа е привремено. На вас останува да ги реализирате вашите планови. Финансиите ќе ги има, а поголеми промени и проблеми не се на повидок.

Што се однесува до љубовта, верувајте, светот е во ваши раце. Ќе има љубов и додворување, но искрен совет е да почекате до последната недела од месецот за да одлучите дали сакате да сте во врска или не. Зафатени Водолии, не би требало да имате некои поголеми проблеми. Овој месец ви ја дава контролата на нештата во ваши раце. Бидете паметни и интелигентни какви што сте и октомври ќе ви биде месец за уживање.

На здравствено поле, доколку сте склони кон алергии, можни се благи проблеми. Внимавајте на исхраната и циркулацијата.


РИБИ

Драги Риби, излеговте од малку тежок период. За многу од вас, сега настапува период на кој долго чекавте, така што имате шанса да заработите многу, а тоа ќе ви донесе и голем успех во кариерата. Многу од вас ќе имаат прилика да одат на стручно усовршување или дополнителна едукација, што ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ви отвори дополнителни можности за заработка.

Слободните Риби имаат одлична можност за љубов, особено во средината на месецот. Големи се шансите да запознаете нова личност во вашата блиска околина. Нурнувате длабоко во своите емоции и се активира вашата осма куќа на мистериозност. На 2-ри октомври, вашата владејачка планета Нептун се соочува со Меркур. Ова може да ви донесе хаос и збунетост во меѓучовечките односи. Можни се и сериозни дискусии со личност која ви се допаѓа или пак потреба да ги изразите своите најдлабоки чувства. 

На здравствен план немате поголеми проблеми. Внимавајте на исхраната, исправете ја и бидете претпазливи од настинки и алергија. Не треба да имате некои поголеми проблеми. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk