Шакира го украде целото внимание на Париската модна недела појавувајќи се во црн фустан од „Tom Ford“. Таа на овој моден настан внесе доза ненаметлив гламур и заводливост.
За оваа пригода пејачката избра долг, тесен црн фустан со тенки, сребрени прерамки кои суптилно продолжуваат долж изрезот на грбот.
Креацијата ја следи линијата на телото на Шакира и има V-изрез од предната страна. Овој изглед го надополнила со елегантна црна чантичка и висечки дијамантски обетки.
Косата ја стилизирала во препознатливите бранови, додека целокупниот моден изглед бил во препознатливата естетика на брендот „Tom Ford“.
За шминката Шакира се одлучила суптилно да ги нагласи очите и да користи кармин во боја на кожа.






