[ФОТО] Ден по разводот откри дека е бремена, а сега стана мајка по трет пат

Точка

13/09/2024

17:18

4.047

Големина на фонт

а а а

Карди Би и Офсет го добија своето трето дете, а гордата мајка ги објави фотографиите од болницата.

Американската раперка Карди Би (31) стана мајка по трет пат, а веста дека е бремена ја објави само еден ден по сознанието дека поднела барање за развод од раперот Офсет. Покрај новородената ќерка, парот има уште една ќерка и син.

Додека ова и е трето дете на Карди Би, Офсет дури по шести пат стана татко. По повод раѓањето на ќерката, Карди Би се огласи на Инстаграм, каде што откри дека ќерката ја родила на седми септември, а објави и неколку фотографии од бебето.

„Најубавото мало суштество на светот“, напиша Карди Би под фотографиите со коишто ги разнежи фановите.


Причината за разводот на овој познат пар сè уште не е откриена, но познато е дека не станувало збор за прељуба, како што првично се шпекулираше во јавноста.


„Се оддалечија и тоа ја присили Карди на таква одлука повеќе отколку што било друго. Ова е сега нејзина одлука, нешто што сака да го направи“, изјави изворот близок до Карди Би. Исто така Карди Би сега бара потполно старателство врз децата, како што пишува „Page Six“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг